Илина, Леона - Најубавите имиња за девојчиња родени во август

Се верува дека сите кои го носат името Марина имаат висока самодоверба, но и магнетизам и мистериозен шарм, на кој луѓето не можат да му одолеат.

ilina-leona-najubavite-iminja-za-devojchinja-rodeni-vo-avgust-01.jpg

Ако сè уште не сте смислиле име за вашето бебе кое ќе се роди во август (наскоро треба да станете родители) или ако сте кумови од кои бараат предлог имиња за идната ќерка, можеби едно од овие имиња ќе ве инспирира.

Кои се најубавите имиња за девојчиња родени во август?

Леа, Леона

Лавот е владетел во месец август (според хороскопот), па оттаму произлегуваат овие две женски имиња. Леа и Леона означуваат храброст и сила.

Според буквалниот превод од латински јазик, Леа значи „лавица“, но според преносното значење се однесува на „личности кои се храбри и бестрашни“.

Илина, Илинка

Илина е женско име со еврејско потекло (од Elijjáhu), односно женската форма од библиското име Илија.

Во буквален превод значи „Господ е мој Бог“.

Се смета дека личностите кои го носат ова име се нежни, дружељубиви и приземјени, делуваат смирувачки на околината и секогаш имаат зборови за поддршка и утеха за другите.

ilina-leona-najubavite-iminja-za-devojchinja-rodeni-vo-avgust-02.jpg

Далија

Името Далија има скандинавски корени и потекнува од истоимениот цвет, кој најмногу цвета токму во август.

Се верува дека девојчињата што го носат ова име се нестварно убави, исто како и самиот цвет.

Тие се сметаат за креативни, инспиративни, дарежливи и среќни личности, а поради својот карактер и темперамент, најчесто го добиваат она што го сакаат.

Сунчица

Сунчица е женско име кои потекнува од името на Сонцето.

Родителите го избираат ова име со надеж дека нивните девојчиња ќе пораснат во храбри, горди жени и кои ќе блескаат како сонцето.

Марина

Името Марина е со латинско потекло, а означува „море“.

Се верува дека сите кои го носат името Марина имаат висока самодоверба, но и магнетизам и мистериозен шарм, на кој луѓето не можат да му одолеат.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите имиња за девојчиња и момчиња родени во пролет (и нивното значење) Вито – оној кој означува живот, исто како природата во пролет, која оживува. Ири...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Најубавите двојни имиња за девојчиња (ако не можете да се одлучите за едно) Ана Марија, Нина Миа… Двојните имиња се уникатни и звучат навистина убаво. Ан...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
7 популарни имиња со силно значење за момчиња и девојчиња родени во октомври Ако вашето бебе треба да се роди во октомври, а вие и понатаму немате избрано им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg