Мажи кои шетаат без блуза во лето и уште 9 работи кои стануваат норма, а жените ги мразат
„Плукање на улица – можеби не е прифатено како норма, но многу (мажи) го прават“. Кои други работи кои стануваат норма ги иритираат жените?
Бон-тон правилата се менуваат низ годините, и тоа е сосема нормално.
Сепак, некогаш се јавуваат однесувања кои не се најкултурни, но сепак постепено стануваат прифатени од другите.
Можеби вие и многумина околу вас ги гледате со презир, но штом ќе забележите дека ги прават повеќе луѓе, тогаш дефинитивно стануваат норма.
На британскиот форум Mumsnet, неколку жени споделуваат кои работи што ги иритираат, постепено стануваат норма:
„Мажи кои шетаат без блуза во јавност. Правете што сакате во вашиот двор, но зошто да одите по улица без блуза?“
„Плукање на улица – можеби не е прифатено како норма, но многу (мажи) го прават“.
„Сè повеќе е нормално да скролате на вашиот телефон додека сте во друштво на некој. Неучтиво е“.
„Мажи кои уринираат покрај патот. Го видов ова двапати изминативе неколку денови. Ако жена би го направила ова, луѓето ќе почнат да мислат дека е луда, но за мажи е сосема нормално“.
„Луѓе кои дозволуваат нивните кучиња да скокаат врз други луѓе“.
„Постојано снимање и фотографирање со телефонот“.
„Гласно пцуење во јавност и во присуство на деца“.
„Деца во ресторани кои користат телефони и таблети без слушалки“.
„Паркирање на тротоари“.
„Возење побрзо од дозволеното. Како личност без возачка дозвола, навистина ми е чудно што возењето побрзо од дозволеното станува норма“.
Спирова С. | Црнобело