Сините очи се релативно нов додаток на човечкиот род, или така барем тврдат научниците кои вршеле истражувања на оваа тема. Се верува дека оригинално прво луѓето имале кафеави очи, а сините се појавиле нешто подоцна, односно пред околу 10.000 години.