Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За еден сон и неговото толкување

Се разбудив исплашено и збунето. Ми требаа неколку минути за да се освестам дека сонував, а не е јаве. Ги отворив очите и блеев во ѕидот. Потоа се фатив за лицето, се погалив и си реков добро е, било сон.

za-eden-son-i-negovoto-tolkuvanje-01.jpg

Приквечерина како и секоја недела заминав на средба со групата за личен раст и развој. Влегов, а таму ме чекаа пријатни лица кои и покрај своите маки и радости секогаш ме слушаа со внимание. Конечно стигна и мојот ред, а мене во мисла ми беше само сонот и ништо друго. На прашањето што имам да споделам, одговорив само едно - сонот!

И почнав... Сонувам дека спијам, во сонот се будам, се допирам за лицето и забележувам дека имам огромни мозолки на лицето, досега никогаш такви сум немала. Беа многу, низ речиси целото лице. Бев ужасната, станав и отидов до огледалото, не можев да си поверувам на она што го гледам. Збунета, згадена и целата во шок, почнав да го мијам лицето, ставив пудра со надеж дека ќе се исушат, но ништо не помагаше... се разбудив... во сонот.

Психотерапевтот: Ајде да пробаме нешто, биди малку во сонот и замижи. Биди со тоа лице. Како се чувствуваш?

Јас: Ужасно, не можам да си поверувам што се случи со моето лице,исплашена сум.

Психотерапевтот: Што ти доаѓа да му направиш на лицето?

Јас: Ништо не сакам да им направам на мозолките, едноставно ми доаѓа да си го откорнам лицето!

Психотерапевтот:  Направи го тоа (се разбира во преносна форма). Што излегува под тоа?

Јас: (по невербалното корнење на лицето, посмирена) Па ништо, повторно е моето лице, ова што си го имам.

Психотерапевтот: Отвори ги сега очите!

И покрај ужасот што го доживеав со сонот, тој носеше една многу силна порака. Помина тој период на колебливост и преод од незрело кон зрело однесување.

Ги нема веќе адолесцентните мозолки кои се појавија во сонот, туку едно лице кое се оформило и кое не сака назад. Една личност која знае што сака и се стреми кон целта! Една поинаква јас.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дел од најстарите фотографии во светот (кои преживеале до денес) Првата фотографија од Њујорк, кога повеќе наликувал на село, првата фотографија ...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
9 совети за безбедност за кога мислите дека некој ве следи Влезете во продавница каде што има луѓе, а пред влезната врата од домот ставете ...
Низ илустрации: Како да знаете дали е во прашање љубов или само страст? Како знаете дали сте навистина заљубени, или само имате моментални интензивни ем...
Ситуации во кои не треба да се користи левата рака (во некои земји е знак за непочитување) Кај нас нема многу правила за тоа дали треба да се користи лева или десна рака. ...
7 корисни трикови за сопствениците на автомобили (кои ќе ви го олеснат животот) Знаете ли дека со ќесичките со силиконски топчиња кои ги има во сите кутии за че...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg