Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 корисни трикови за сопствениците на автомобили (кои ќе ви го олеснат животот)

Знаете ли дека со ќесичките со силиконски топчиња кои ги има во сите кутии за чевли може да ја исчистите замаглената шофершајбна?

7-korisni-trikovi-za-sopstvenicite-na-avtomobili-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-001.jpg

Многу луѓе поминуваат голем дел од денот во автомобилот. Но, грижата за возилото не значи дека треба само да наполните бензин или да го исперете кога ќе биде валкано.

Постојат ситуации кои се непредвидливи, а кога, можеби, ќе ви дојде добро некој од овие едноставни трикови:

Исчистете ги и тешко достапните делови со правосмукалка

За да го направите ова, ви треба картонската основа за тоалетната хартија.

Ставете ја на врвот од цревото на правосмукалката, како додаток, стиснете ја на едниот крај за да се сплеска и со тоа ќе стигнете и до тешко достапните места за чистење.

7-korisni-trikovi-za-sopstvenicite-na-avtomobili-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-02.jpg

Држач за мобилен со ластиче

Немате држач за мобилен во автомобилот, а неопходно ви е телефонот да го гледате пред вас (кога следите мапа, на пример).

Сега можете и сами да си направите држач за мобилниот.

Протнете подебело ластиче низ отворот за вентилација и со пинцета извлечете го од другата страна.

Мобилниот фиксирајте го со ластичето како на фотографијата.

7-korisni-trikovi-za-sopstvenicite-na-avtomobili-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-01.jpg

Изладете го автомобилот без клима

Спуштете го прозорецот од страната на совозачот, а потоа неколкупати отворајте ја и затворајте ја вратата од страната на возачот набрзина.

Вака најлесно ќе го „исфрлите“ жешкиот воздух од возилото ако немате клима.

7-korisni-trikovi-za-sopstvenicite-na-avtomobili-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-05.jpg

Одмаглете ги прозорците со силиконски топчиња

Знаете ли дека ќесичките со силиконски топчиња кои ги има во кутиите за чевли можете да ги ставите над инструмент таблата (во близина на шофершајбната) и дека тие ќе ја соберат влагата од стаклото кога е замаглено?

Пробајте и уверете се колку е корисен овој трик.

7-korisni-trikovi-za-sopstvenicite-na-avtomobili-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-06.jpg

Ставете масло во автомобилот без да го истурите

Ако секојпат кога додавате масло во автомобилот, тоа ви се истура околу дупката во која треба да го ставите, проблемот ќе го решите со шрафцигер.

Ставете го шрафцигерот во дупката и потоа маслото сипете го преку него - течноста ќе оди директно во дупката, а нема да се истура на страна.

7-korisni-trikovi-za-sopstvenicite-na-avtomobili-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-03.jpg

Исчистете го воланот со слајм

Земете малку слајм, растегнете го и ставете го преку воланот. Слајнот ќе ги собере прашината и нечистотиите.

Со истото парче слајм можете да ги исчистите и рачките на вратите и шал-таблата.

7-korisni-trikovi-za-sopstvenicite-na-avtomobili-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-04.jpg

Пластично шише за да сипете гориво

Ако останавте без гориво и автомобилот ве оставил сред пат, или ќе наполните неколку литри во канта или некој ќе ви донесе за да ве „спаси“.

Но, како да го сипете горивото во резервоарот без да го истурите?

Направете дупка на пластично шише (како на фотографијата), ставете го отворот од шишето во резервоарот и потоа преку дупката, истурете го горивото во самиот резервоар.

7-korisni-trikovi-za-sopstvenicite-na-avtomobili-koi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
9 совети за безбедност за кога мислите дека некој ве следи Влезете во продавница каде што има луѓе, а пред влезната врата од домот ставете ...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Бон-тон правила за прв состанок, со кои ќе оставите добар впечаток Знаете ли како културно да покажете дека сте независна девојка, без да го навред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg