Дел од најстарите фотографии во светот (кои преживеале до денес)
Првата фотографија од Њујорк, кога повеќе наликувал на село, првата фотографија од Месечината... Дел од фотографиите направени во 1800-тите, кои се едни од најстарите.
Според доказите што ги имаат историчарите, првите обиди да се направи фотографија веројатно потекнуваат од 18-тиот век.
Секако, првите неколку обиди биле неуспешни, но им го поплочиле патот на оние кои подоцна експериментирале со фотографија.
Се претпоставува дека најстариот успешен обид кој резултирал со фотографија е од 1826 или 1827 година.
Фотографијата е позната како Point de vu du Gras, односно поглед од прозорецот од резиденцијата на Французинот кој ја направил.
Сосема возможно е да имало и постари фотографии кои или се уништени, или уште не се најдени.
Не треба да ви објаснуваме олку напреднала фотографијата оттогаш – денес сите имаме камери на нашите смартфони.