Ситуации во кои не треба да се користи левата рака (во некои земји е знак за непочитување)
Кај нас нема многу правила за тоа дали треба да се користи лева или десна рака. Но, во некои земји, особено во Азија, јадењето со лева рака се смета за нечисто.
Порано, дури и кај нас, користењето на левата рака се сметало за погрешно во некои ситуации.
На пример, децата кои пишувале со лева рака биле присилувани да научат да пишуваат со десна, а ова било честа практика и во не така далечното минато.
Во некои култури, пак, левата рака се смета за „нечиста“, додека според бон-тон правилата, за некои работи до денес се смета за неучтиво да се прават со лева рака.
А, има и ситуации во кои користењето на десната рака е попрактично.
Денес кај нас не се придава многу значење на ова, но добро е да бидете запознаени, во случај да треба да покажете почит кон некоја туѓа култура.
Кога не треба да користите лева рака (во некои земји)?
Ракување
Скоро во сите земји, ракувањето се прави со десната рака.
И, очигледно е од каде произлегува ова – повеќето луѓе се деснораки па и „поприродно“ им е да ја подадат десната рака.
Мерење на ниво на кислород во крвта
Ако ја мерите кислородната сатурација на крвта преку пулсот, препорачливо е да мерите на десната дланка, а не левата.
Имено, истражувањата покажале дека со мерење на десната рака се добиваат поточни вредности.
Подавање храна и пијалаци на маса
Ова е старо бон-тон правило според кое храната и пијалаците на маса секогаш треба да се подаваат од десната страна.
Јадење во некои земји
Во Кенија и Етиопија, како и повеќето култури во Африка и Азија, треба да се јаде со десна рака, бидејќи левата се смета за нечиста.
Ова е нешто што треба да го имате предвид ако одите во некоја од овие земји, за да не покажете непочитување.
Давање подароци
И ова е правило што не важи кај нас, туку во некои азиски држави, како и земји од Блискиот Исток.
Давањето подароци, или подавањето што било вредно со левата рака се смета за непочитување.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





