Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 трикови за говорот на телото со кои ќе им се допаднете на луѓето

Како да привлечете вниманите без да кажете збор? Без сомнеж говорот на телото е многу важен и според многу истражувања можете да привлечете и задржите внимание без да кажете збор.

4-trikovi-za-govorot-na-teloto-so-koi-kje-im-se-dopadnete-na-lugjeto-01.jpg

Како при следното запознавање да оставите подобар впечаток? Послужете се со овие 4 трикови:

1. Насмевка

Не се насмевнувајте широко во првиот момент кога се запознавате со некого, доколку го направите тоа може да се добие чувство дека секој во вашиот видик може да ја добие вашата насмевка. Наместо тоа направете пауза и погледнете го изразот на другата личност и потоа насмевнете се широко, топло и искрено, а најважно - насмевнете се и со очите.


2. Контакт со очите

Потрудете се во текот на разговорот секогаш да одржувате контакт со очите на партнерот, а ако баш морате да погледнете настрана направете го тоа полека. Во поголема група на луѓе од време - на време гледајте ја личноста за која сте заинтересирани, без разлика на тоа кој зборува. Сепак не зјапајте, тоа има спротивен ефект.


3. Поза на телото при запознавање

Луѓето лесно го забележуваат начинот на кој реагирате кон нив. Кога се запознавате со некој свртете се целосно кон него и посветете му внимание.


4. Ограничете ги движењата

Ако сакате да изгледате самоуверено, обидете се да не мрдате премногу. Не се препелкајте, чешајте, грчите. Чести движења околу главата и лицето може да го натераат вашиот соговорник да помисли дека лажете или нешто криете.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Лаги и неправди на кои се навикнуваме со текот на времето (a не треба) Колку пати се случило да платите повеќе од што треба за некои производи и услуги...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Вреќички за чај и уште 3 работи кои се измислени сосема случајно Знаете ли дека пластелинот првично се продавал како средство за чистење ѕидни та...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...
5 работи што ќе му бидат забранети на Доналд Трамп откако ќе му заврши претседателскиот мандат Ќе мора да користи електронски уреди одобрени од тајната служба и нема да смее с...
Фотки кои ја покажуваат тагата на принцезата Дијана додека беше во брак со Чарлс Уште на денот кога ја најавија свршувачката, Дијана изгледа несреќно и загрижено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg