Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Маркетинг лаги во кои често веруваме

На интелектуално ниво, сите знаеме дека рекламите лажат. Никој сериозно не верува дека менување на паста за заби која ќе ја направи вашата насмевка посјајна.

marketinski-lagi-vo-koi-site-veruvame-001.jpg

Сепак, постојат некои основни претпоставки кои се навикнавме да ги донесуваме, што ги земаме здраво за готово, со што им овозможуваме на рекламните трикови да делуваат.

Ова се некои од маркетиншките лаги на кои речиси сите им веруваме:

Празни зборови

Искуството не има научено дека зборови како „делукс" обично значат нешто важно, специјално или посебно. Проблемот е што огласувачите се играат со зборовите, односно со правното значење на поимот и редовното значење на кое сите сме научени. Така што можеме да купиме, на пример, премиум вотка која ќе има вкус на ракија, а ќе ја платиме поскапо поради епитетот пред неа.


Бројки и статистики

„9 од 10 стоматолози ја препорачуваат оваа паста за заби.“

Најдобар пример за манипулација со бројки е рибино масло. Пред неколку години една компанија изјави дека имаат докази дека рибиното масло им помага на децата од училишна возраст за подобра концентрација. Овие „докази“ биле поткрепени со податоци, бројки, и статистика, што значи дека не можеле да лажат. Меѓутоа, тие лажеле. Податоците кои ги собрале доаѓале од мало истражување на омега-3 киселини, а не од рибино масло. Поради ова се зголеми продажбата на апчиња од рибино масло.

Овие работи се случуваат често во здравствената индустрија.


Експертите знаат што зборуваат

Повеќето луѓе се свесни дека не можат да знаат сè. Ова не е случајот со експертите. Тие знаат што е најдобро за нас. Барем така сакаат да мислиме. Но, понекогаш треба да се запрашаме: дали тие навистина се искрени, или некоја компанија им испратила многу пари за да изјават две-три реченици.


Оптичка илузија

Колку пати ви се има случено да нарачате хамбургер, хот дог или тост, кој на сликата изгледа како да е подготвен од боговите, а не од луѓето, но кога ќе го добиете, реалноста е сосема поинаква од вашите очекувања?

Иако компаниите се обврзани со закон да користат вистински слики од храна во нивните промотивни фотографии, не постои закон во кој пишува дека тие слики не можат да се обработат во Фотошоп.

marketing-lagi-vo-koi-site-veruvame-2.jpg

Квалитетот е објективен

Ако еден производ ја исполнува својата функција (на пример, да биде вкусен или да мириса добро) подобро од другите, значи дека е поквалитетен според нашите стандарди. Но, ова не е точно. Нашиот концепт за „квалитетот" може прилично лесно да се изманипулира со реклами.

На пример, италијанското пиво Peroni е скап пијалак во Велика Британија, додека во Италија е евтин. Во едно истражување, истражувачите покажаа дека луѓето ќе веруваат дека одреден продукт има висок квалитет доколку има висока цена.

М.А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
„Пораснав со тројца родители – имам татко и две мајки, а како дете не сфаќав која ми е биолошка“ „Бидејќи тројцата родители работат, секогаш сме имале повеќе пари. Но, не сме во...
7 супер трикови со кои ќе изгледате повисоко и послабо на фотките Не го стегајте рамото до телото, туку оддалечете ја раката од торзото; застанете...
Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите Се сеќавате на Simple Life, шоуто во кое богаташките Парис Хилтон и Никол Ричи п...
Џвакање со отворена уста и уште 9 чудни причини зошто луѓе раскинале некому „Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да...
Строги (и чудни) правила кои стражарите на кралската гарда во Англија мора да ги следат Треба да внимаваат како паѓаат ако изгубат свест и од нив се очекува да стојат м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg