Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Работи кои не можат да се докажат, но луѓето сепак веруваат во нив

Емпириски докази ни помагаат да одредиме во што треба, а во што не треба да веруваме, но понекогаш не ни се достапни сите факти. Дури и кога немаат цврсти докази, луѓето имаат тенденција да веруваат во одредена појава.

raboti-koi-ne-mozat-da-se-dokazat-no-lugeto-sepak-veruvaat-vo-niv-01.jpg

Од работите кои не можат да се видат со човечкото око, до форми на живот кои допрва треба да се откријат, ова се најчестите работи во кои луѓето веруваат и покрај недостаток на проверливи докази.

Вонземјани

Постојат многу теории на заговор поврзани со вонземјаните, кои наводно често летаат во своите летачки чинии над нашето небо. Допрва треба да се верификуваат докази дека постојат и други форми на живот во вселената, надвор од нашата. Сепак, многу луѓе цврсто веруваат дека постои живот на други планети. Од видеа со необјасниви објекти на небото, до лични сведоштва од луѓе кои велат дека биле земени во вселенското летало.


Астрологија

Поимот на астрологијата не е нов; луѓето донесувале важни животни одлуки според ѕвездите со векови. Не постојат докази кои велат дека начинот на кои планетите и ѕвездите се усогласени ни го обликува животот и судбината, но речиси сите веруваат дека одреден хороскопски знак ни дава одредени предиспозиции и карактеристики. Дневни хороскопи и астролошки листи станаа водечки алатки за многу луѓе, кои навистина мислат дека датумот на раѓањето ја одредува нивната судбина.


Духови

Секој кој тврди дека има видно дух може да каже дека има доказ дека постои живот после смрт, на некоја друга разина на постоење, но скептиците тврдат дека сите морничави видувања можат да се објаснат. Било да се работи за трикови со светлина или некое друго логично објаснување. Додека „ловците на духови“ имаат специјални електронски алатки со кои можат да ја измерат активноста, резултатите се отворени за интерпретација.


Карма

Без разлика дали ќе ја наречете карма, или „сè се враќа, сè се плаќа,“ постои заедничко верување дека доброто однесување се враќа со добро, додека последици од лошото однесување можат да ве прогонуваат и во „следниот живот“.


Судбина

Фразата „ сè што се случува се случува со причина" често се користи, особено после големи несреќи. Додека немаме вистинска причина да веруваме во оваа теорија, често самите си кажуваме  дека одредени настани, ако не и сите, се случуваат со причина. Со ова верување луѓето полесно поминуваат низ тешките периоди во животот.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои ги најдоа своите двојници на уметнички слики во музеј (фото) Замислете да отидете во посета на некој музеј и меѓу уметничките слики на познат...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
11 луѓе со уникатни генетски карактеристики и способности – вена во вид на срце, преплетени прсти „Мојот сопруг има вена во облик на срце на бицепсот“, „Левото стапало ми е многу...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
10-те најсмртоносни временски непогоди од изминативе 20 години Топлотните бранови во Европа, но и бурата што лани зафати делови од Грција и Буг...
Изгубена тежина, исчистено лице од акни: Фото-споредби кои прикажуваат неверојатни разлики „Промената која се случи со мојата кожа по 30 дена без шеќер“, „Лево е влош...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg