Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10-те најсмртоносни временски непогоди од изминативе 20 години

Топлотните бранови во Европа, но и бурата што лани зафати делови од Грција и Бугарија, се меѓу најсмртоносните временски непогоди со кои се соочивме изминативе 20 години.

10-te-najsmrtonosni-vremenski-nepogodi-od-izminative-20-godini-01.jpgфото: magnesianews.gr

Поплавите со кои деновиве се соочува Шпанија резултираа со над 100 жртви, а се само една од бројните разорни катастрофи што ги видовме изминативе години.

Експертите апелираат дека ваквите екстремни временски услови главно се резултат на климатските промени предизвикани од човекот.

Истакнуваат и дека во иднина, треба да се подготвиме за повеќе непогоди, и тоа не само поплави, туку и топлотни бранови, суши, урагани…

Во продолжение, најсмртоносните временски непогоди со кои се соочи човештвото изминативе две децении:

Сомалиската суша во 2011 - над 258.000 жртви

Изминативе 20 години, најсмртоносна е таканаречената сомалиска суша од 2011 година која резултираше со смртта на над258.000 луѓе.

Покрај Сомалија, во Источна Африка беа погодени неколку земји, како Етиопија и Кенија.

Сушата предизвика недостаток од храна, а Сомалија настрада најмногу бидејќи веќе се соочуваше со граѓанска војна.

10-te-najsmrtonosni-vremenski-nepogodi-od-izminative-20-godini-02.JPG

Циклонот Нагрис од 2008 - над 138.300 жртви

Циклонот Наргис ја погоди Мјанмар во мај 2008 година.

Ова е една од најголемите природни катастрофи со кои се соочила Азија и тогаш загинаа над 138.300 луѓе.

Се претпоставува дека бројот на жртви е и поголем бидејќи во официјалниот извештај не се наведени луѓето кои починале отпосле – поради повреди, несоодветна помош и слично.

10-te-najsmrtonosni-vremenski-nepogodi-od-izminative-20-godini-03.JPG

Топлотниот бран во Русија од 2010 - над 55.700 жртви

Во летото 2010 година, температурите во Русија беа за 5 степени Целзиусови над просекот.

Иако ова на прв поглед не делува како голема разлика, петте степени Целзиусови беа сосема доволно да предизвикаат суша, драстично намалување на производството на храна, како и пожари.

Сето ова, во комбинација со загадениот воздух од фабриките, автомобилите и пожарите, беше причина за над 55.000 смртни случаи.

10-te-najsmrtonosni-vremenski-nepogodi-od-izminative-20-godini-04.JPG

Топлотниот бран во Европа во 2022 - над 53.500 жртви

Топлотниот бран од 2022-ра што зафати голем дел од Европа предизвика температури над 40-тиот степен во земји каде летниот просек е 25 степени Целзиусови.

Бројни луѓе починаа од топлотен удар, најмногу повозрасни и личности со веќе влошено здравје.

Се проценува дека над 53.0500 луѓе починале како директна последица од топлотниот бран.

10-te-najsmrtonosni-vremenski-nepogodi-od-izminative-20-godini-05.JPG

Топлотниот бран во Европа од 2023 - над 37.100 смртни случаи

И ланското лето бројни европски држави се соочија со топлотен бран.

Температурите во Италија, Франција, Шпанија, Германија, Грција, па и Македонија уриваа рекорди, а имаше и многу пожари кои, поради жешкото и суво време, беше речиси невозможно да се изгаснат.

Поради топлотниот бран, се проценува дека починале над 37.000 лица низ Европа.

10-te-najsmrtonosni-vremenski-nepogodi-od-izminative-20-godini-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg