10-те најсмртоносни временски непогоди од изминативе 20 години
Бурата Даниел од 2023 - над 12.300 жртви
Бурата Даниел беше опишувана како најсмртоносниот тропски циклон што го погодил Медитеранот.
Меѓу погодените земји беа и нашите соседи Грција и Бугарија, како и Турција.
Бројот на жртви од бурата изнесува повеќе од 12.300.
https://twitter.com/zoom_earth/status/1699034894590959837
Тајфунот Хаијан од 2013 - над 7.300 жртви
Во ноември 2013-та, тајфунот Хаијан погоди неколку земји во Југоисточна Азија, а можеби најмногу Филипините.
Само на Филипините имаше над 6.000 жртви.
Покрај жртвите, се проценува дека над 13 милиони луѓе биле засегнати од тајфунот, односно се соочиле со финансиска штета, глад и слично.
Поплавите во Северна Индија од 2013 - над 6.000 жртви
Поплавите во Северна Индија беа предизвикани од обилни врнежи.
Тогаш загинаа над 6.000 луѓе, а уште повеќе останаа без своите домови.
Циклонот Сидр од 2007 - над 4.200 жртви
Циклонот Сидр ја предизвика една од најлошите природни катастрофи во Бангладеш и резултираше со над 4.000 жртви.
Притоа, биле уништени речиси половина милион домови, но имало и луѓе кои починале отпосле поради повреди, недостаток навремена помош и слично.
Топлотниот бран во Европа од 2015 - над 3.200 жртви
Топлотниот бран што го искуси Европа во 2015-та беше како предупредување за она што можеби нè чека во иднина.
Температурните екстреми беа најистакнати во централниот дел на Европа, додека Франција беше најпогодена.
Се проценува дека над 3.200 луѓе починале како последица од екстремните температури.
Спирова С. | Црнобело