Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Среќата е избор - одлучете да бидете посреќни

Единствена причина поради која сте несреќни и страдате е затоа што самите така сте одбрале. Ако го разгледате вашиот живот ќе најдете многу причини да страдате, а нема да најдете ниту една причина зашто да не го правите тоа.

srekjata-e-izbor-odlucete-da-bidete-posrekjni-01.jpg

Истото важи и кога е во прашање среќата. Среќата е избор како и страдањето.

Овие наизглед едноставни работи можат да ви ги променат досегашните погледи на животот:

1. Внимателно употребувајте ги вашите зборови

Зборовите се моќни, можат да излечат или да ве уништат. Изговарајте ги така што ќе го почитувате сопствениот интегритет.

Зборувајте го она што го мислите. Избегнувајте зборови преку кои зборувате против себе или озборувате.

Употребувајте ги зборовите за да ја пренесете вашата љубов и почит.


2. Ништо не сфаќајте лично

Другите не ги прават работите за вас, ги прават за себе. Туѓото однесување претставува проекција на нивната реалност.

Затоа, важно е да бидете имуни на туѓите мислења и постапки, инаку ќе станете жртва и непотребно ќе страдате.

Сè што се случува во вашата околина не треба да го сфаќате лично.


3. Не претпоставувајте

Имајте храброст да поставувате искрени прашања и да кажувате што навистина сакате. Комуницирајте со другите за да избегнете недоразбирања, болка и конфликти.

Претпоставуваме дека сите гледаат на животот онака како што гледаме и ние, претпоставуваме дека луѓето размислуваат онака како што размислуваме и ние, дека ги имаат истите ставови и сфаќања, но не е така.

Обидете се да се ослободите од вашата гледна точка, бидете со отворен ум и обидете се да откриете какви се размислувањата на луѓето околу вас.


4. Секогаш обидувајте се да направите сè што можете

Сè што можете да направите се менува од миг во миг. Повеќе можете да направите кога сте здрави отколку кога сте болни, кога сте расположени отколку лути.

Во било која ситуација обидете се да направите сè што е во ваша моќ.

Би можело да ве интересира:

„Мажот е вистинскиот, кога покрај него не се плашите од животот“ - 9 психолошки трикови и вистини Ако сакаш некого затоа што и тој те сака тебе – тоа е емпатија. Ако сакаш некого...
Предмети и продукти за кои вреди да дадеме повеќе пари (корисни се) Робот правосмукалката ќе ви заштеди многу време, а квалитетниот полнач за телефо...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Која е жената која е инспирација за Роуз од „Титаник“? Беатрис била заљубена во индиски научник но уште на почетокот на врската знаела ...
Мажи споделуваат: „Навика на партнерката што најмногу ме иритира“ (фото) „Сопругата никогаш не дотрошува шампон пред да купи нов, а ги чува и сите стари ...
Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg