Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 помалку познати настани кои се случиле на петок 13-ти

Озлогласениот петок 13-ти е пред нас. Некои луѓе веруваат дека ќе им се случи нешто лошо, додека за другите овој ден им е како и секој друг ден - нормален.

5-poveke-ili-pomalku-poznati-nastani-koi-se-slucile-na-petok-13-ti-01.png

Доколку решите да останете дома и да го преспиете овој баксузен ден, прочитајте го овој текст посветен на 5 повеќе или помалку познати настани кои се случиле на петок 13-ти.

Black Sabbath

Петок 13-ти, 1970 година бил посебен датум за бендот Black Sabbath кој токму овој ден го издал својот прв албум под исто име „Black Sabbath“.

Тие имале само два дена во студио за снимање, поради што ги свиреле сите песни во живо, додека вториот ден го користеле за миксање на звукот.

5-poveke-ili-pomalku-poznati-nastani-koi-se-slucile-na-petok-13-ti-1.jpg


Привидение во Фатима

Петок 13-ти Мај, 1917 година, во селото Фатима во Португалија на три деца овчари им се „појавила“ Богородица. Тие пријавиле дека виделе жена облечена во бело која оставала зраци светлина позади неа.

Жената им кажала на децата да се враќаат на истото место во исто време секој 13-ти во месецот во наредните шест месеци. Богородица не едно од трите децата му кажала 3 тајни, овие тајни биле познати како „тајните на Фатима“.

5-poveke-ili-pomalku-poznati-nastani-koi-se-slucile-na-petok-13-ti-2.jpg


Холивуд

Петок 13-ти, 1923 година. Знакот „Hollywood“ над Лос Анџелес во Калифорнија за првпат е поставен од страна на сопственикот на весникот „Лос Анџелес Тајмс“, Хари Чендлер.

Првично на знакот бил напишан „Hollywoodland“. Знакот требало да стои околу една година како реклама за нови станови кои Чендлер ги градел во близина.

Во 1949 година, Холивудска стопанска комора решила да го отстрани зборот „земја" од знакот, а останатото како што велат во филмовите е историја.

5-poveke-ili-pomalku-poznati-nastani-koi-se-slucile-na-petok-13-ti-3.jpg


Тупак Шакур

Петок 13-ти, 1996 година е трагичен ден за хип-хоп музиката. Раперот Тупак Шакур починал од повреди од огнено оружје во една болница во Лас Вегас. Тупак бил повреден на 7-ми септември, а починал на 13-ти септември.

5-poveke-ili-pomalku-poznati-nastani-koi-se-slucile-na-petok-13-ti-4.jpg


Крај на светот

Астероидот Апофис своето име го добил според египетскиот бог на злото кој бил решен да го обвитка светот во темнина. На 13-ти Април 2029 Апофис ќе се приближи до Земјата (на растојание од само 28.968km).

Астероидот ќе биде доволно блиску до Земјата што ќе може да се види дури и преку ден, односно набљудувачите ќе можат да видат светол објект кој се движи по небото.

Доколку овој астероид влезе во одредена траекторија, позната како „клучалката", тогаш постои можност истиот да ја погоди Земјата следниот пат кога ќе се движи околу Сонцето, односно во 2036 година.

5-poveke-ili-pomalku-poznati-nastani-koi-se-slucile-na-petok-13-ti-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го промени светот, но умрел сам, во сиромаштија – Тажниот живот на Никола Тесла Никола Тесла е научникот кој го модернизира светот, но и покрај достигнувањата, ...
10 практични кујнски предмети од TEMU до 150 денари Апаратче кое ги лупи јајцата како од шега, метален држач поради кој нема да си г...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Емотикони што ве издаваат дека сте повозрасни (а за помладите се навредливи) Колку често ви се случило да бидете погрешно разбрани во писмена комуникација на...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg