Дендизмот е она што им е заедничко на Лорд Бајрон, Енди Ворхол, Оскар Вајлд, Дејвид Боуви, Бодлер, Евгениј Онегин, Марсел Пруст. Секој од нив бил денди на свој начин. Дендизмот е естетската форма на нихилизмот. Приказната за дендизмот започнува во Британија, кон крајот на 18-от век, а ја започнал Џорџ Брајан Бо Брумел, човекот кој имал најголемо влијание врз машката мода, не само во Британија туку и во светот. Денес неговиот дендизам се смета за филозофски став според кој човекот знае дека историјата е завршена и дека повеќе не може да се идентификува со улогата на херојот.