Доење туѓо дете и уште 5 ситуации кога стјуардесите направиле добро дело за патниците

Покрај служење пијалаци и сместување, персоналот во авионите прави многу повеќе за патниците, иако ретко луѓето го ценат тоа.

6-pati-koga-stjuardesite-pravele-neshto-shto-ne-im-e-rabota-za-da-im-pomognat-na-patnicite-01.jpg

Иако многумина не гледаат така на тоа, сепак работата на стјуардесите и персоналот е да се грижат за целосна безбедност, како и комфор на патниците.

Додека едни се држат само до строгите правила, други знаат и да ги прекршат за да направат нешто добро и да им помогнат на своите патници.

Од пеење песни и успивање бебе – што имаат правено стјуард/есите за своите патници?

Стјуард ѝ помогнал на една мајка да го смири бебето кое плачело, бидејќи првпат лета, така што го држел во раце и го нишкал.

5-pati-koga-stjuardesite-pravele-neshto-shto-ne-im-e-rabota-za-da-im-pomognat-na-patnicite-02.jpg

Стјуардеса си играла со LEGO коцки со 4-годишно момче, му читала книги и пуштале животински звуци додека со неговата мајка го чекале задоцнетиот лет.

5-pati-koga-stjuardesite-pravele-neshto-shto-ne-im-e-rabota-za-da-im-pomognat-na-patnicite-03.jpg

Кога стјуардесите ги кажуваат инструкциите за безбедност, речиси никој не слуша, но оваа девојка се потрудила не само да ја слушаат, туку и да ѝ аплаудираат за тоа што ги направила инструкциите смешни. Подоцна била поканета во шоуто на Елен и добила 10.000 долари.

Изгледајте го целото видео:

Една стјуардеса ѝ помогнала на патничка која патувала со три деца, да го смири едното од нив така што го земала во раце и му пеела песни.

5-pati-koga-stjuardesite-pravele-neshto-shto-ne-im-e-rabota-za-da-im-pomognat-na-patnicite-04.jpg

Патничка забележала дека нејзиното куче не е во ред и јазикот ѝ станува син, знак за недостаток на кислород, а двајца стјуарди го прекршиле протоколот и ѝ го спасиле животот кога ѝ ставиле маска за кислорот.

From a friend of a friend: ❤️❤️❤️ Hey everyone! A friend of mine wrote this letter to JetBlue about her recent...

Posted by The Everyday Jumpseater on Friday, July 6, 2018
" data-width="630" data-show-text="true">
Posted by The Everyday Jumpseater on Friday, 6 July 2018

Стјуардеса слушнала како новороденче плаче по полетувања, бидејќи е гладно, а мајката снемала млеко. Срцето ѝ се кршело од плачот на бебето, па решила таа да го дои со сопственото млеко, а искуството го пренела на Facebook.

I BREASTFED A STRANGER’S BABY INFLIGHT Yesteday, I was scheduled for a check flight to be qualified as a Cabin Crew...

Posted by Patrisha Organo on Wednesday, 7 November 2018

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg