Секојдневни навики на кои не им придаваме важност, а всушност откриваат ниска самодоверба

Иако мислите дека некои секојдневни навики и однесувања се незначајни и незабележителни, сепак некои од нив откриваат многу за вас.

sekojdnevni-naviki-koi-lichat-na-neznachajni-a-vsushnost-otkrivaat-niska-samodoverba-01.jpg

Па така, луѓето со ниска самодоверба имаат одредени типови на навики и однесување со кое незабележително ја откриваат оваа маана.

Во продолжение – знаци кои ја откриваат ниската самодоверба преку секојдневното однесување:

Бирање на последниот ред

Луѓето кои имаат ниска самодоверба, кога одат на јавни места, како концерти, предавања, јавни настани и слчно, бираат да седат во последните редови, бидејќи мне сакаат да се истакнуваат.

sekojdnevni-naviki-koi-lichat-na-neznachajni-a-vsushnost-otkrivaat-niska-samodoverba-02.jpg

Купување многу евтини работи

Недостатокот на грижа и чувството на осаменост ги тера луѓето со ниска самодоверба да се исполнат со нешто моментално, а еден начин е шопингот и купувањето на евтини работи.

sekojdnevni-naviki-koi-lichat-na-neznachajni-a-vsushnost-otkrivaat-niska-samodoverba-03.jpg

Не излегување од дома несредени

На работа, на гости кај блиски луѓе, во театар или на забава – луѓето со ниска самодоверба поминуваат многу време бирајќи го аутфитот и подготвувајќи се за секоја пригода, па дури и за фрлање ѓубре, бидејќи се плашат да се покажат во вистинско светло.

sekojdnevni-naviki-koi-lichat-na-neznachajni-a-vsushnost-otkrivaat-niska-samodoverba-04.jpg

Негативни фрази

Луѓето со ниска самодоверба не веруваат дека можат да направат нешто од што се добри, па доколку успеат во нешто знаат да користат фрази како „ете, ми се погоди среќата“, а често може да слушнете како велат „не можам/тешко/можеби“.

sekojdnevni-naviki-koi-lichat-na-neznachajni-a-vsushnost-otkrivaat-niska-samodoverba-05.jpg

Скролање на телефон во јавност

Луѓето со ниска самодоверба се чувствуваат инфериорно кога во јавност ќе останат сами, па наместо да се социјализираат, се држат до телефонот и проверуваат социјални мрежи, бидејќи мислат дека ако не прават нешто такво, ќе изгледаат глупаво ако само гледаат наоколу и чекаат да им дојде друштвото.

sekojdnevni-naviki-koi-lichat-na-neznachajni-a-vsushnost-otkrivaat-niska-samodoverba-06.jpg

Неодлучност за нарачка во ресторан

Луѓето со ниска самодоверба постојано го менуваат мислењето дури и за работи обични како нарачување храна. Тие може неколку пати да се премислат што да јадат и на крај повторно да не се сигурни во изборот.

sekojdnevni-naviki-koi-lichat-na-neznachajni-a-vsushnost-otkrivaat-niska-samodoverba-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Славни мајки чии ќерки воопшто не личат на нив (но ја наследиле нивната харизма) Ќерката на Бијонсе ги „украла“ гените од татко ѝ Џеј Зи и е негова копија, за Ва...
Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg