Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Цените растат, платите се исти и уште 7 работи зошто не можете да заштедите

Не можете да заштедите ништо? Тогаш верувајте дека не сте сами. Штедењето може да биде тешко и понекогаш да ви изгледа невозможно, но тоа не значи дека не можете да направите некои промени.

koi-se-neshtata-shto-ne-vi-dozvoluvaat-da-zashtedite-pari-01.jpg

Најважното е да откриете што е она што не ви дозволува да тргнете пари настрана, а во продолжение погледнете некои од најчестите пречки.

Трошењето е прелесно

Денес трошењето пари е полесно од кога било. Од шетање низ продавници со кредитна картичка, до онлајн купување, постојано сте во искушение да потрошите некој денар.

Најдоброто решение за ова е да плаќате само со кеш. Извадете само толку пари колку што ви се потребни денес, а картичките оставете ги дома.

Не ги следите вашите трошоци

Доколку сте претплатени на некои сајтови, како на пример Netflix, а не ги употребувате, тогаш тие пари одат залудно. Можеби сте зачленети и во теретана што не ја посетувате, но сепак плаќате месечна членарина.

Во овој случај, добро размислете на што сè ги давате вашите пари и веднаш ослободете се од непотребните трошоци.

koi-se-neshtata-shto-ne-vi-dozvoluvaat-da-zashtedite-pari-02.jpg

Охрабрени сте да трошите

Денес како на сите им е всадено дека ако ги чуваат парите, не живеат во моментот. Многу е лесно да се убедите дека сте заслужиле да си купите нешто, па трошите пари на работи што воопшто не ви се потребни.

Важно е да развиете дисциплина во врска со трошењето. Пред да купите нешто, размислете барем 24 часа дали навистина ви е потребно.

Долгови од кредитни картички

Кредитите можат вистински да ве заглават. Доколку имате неисплатен кредит, гледајте да го исчистите што е можно побрзо. Воздржете се од трошење на други нешта што не се неопходни.

Кога ќе се ослободите од овие долгови, немојте да запаѓате во нови. Вадете кредит само кога навистина има потреба од тоа.

koi-se-neshtata-shto-ne-vi-dozvoluvaat-da-zashtedite-pari-03.jpg

Денешните трошоци се поголеми

Факт дека цената на неопходните продукти постојно расте, додека платите остануваат горе-долу исти. Доколку сакате да заштедите, барајте попусти и поевтини понуди во супермаркетите. Истражете и направете план да ги намалите неопходните трошоци.

Домувањето е скапо

Не само храната, туку и домувањето станува поскапо. Не мора веднаш да се селите од домот на родителите доколку не сте финансиски подготвени за тоа. Ако сакате да купите ваш дом, важно е да размислувате пореалистично и можеби да го одложите тоа за во иднина.

koi-se-neshtata-shto-ne-vi-dozvoluvaat-da-zashtedite-pari-04.jpg

Мислењето дека одредувањето буџет и штедењето е тешко

Штедењето не мора да биде тешко. На почетокот од месецот одредете колкав буџет ви е потребен за храна и сметки, а другите пари тргнете ги настрана. Дури и најмалата заштеда е сепак некаква заштеда.

Не ги инвестирате заштедените пари

Многу луѓе грешат што ја чуваат големата заштеда наместо да ја инвестираат во нешто. Доколку имате повеќе пари, размислете како можете да ги инвестирате за подоцна да имате добивка.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg