Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Трогателни приказни што ја покажуваат добрата страна на социјалните мрежи

Денес е речиси невозможно да го избегнете интернетот. Но додека повеќето сметаат дека ова е „клетва“, некои приказни докажуваат дека токму интернетот може да ни ги подобри животите. 

vistinski-prikazni-shto-ja-pokazhuvaat-mokjta-na-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер многу пати ја покажале својата моќ кога луѓето сакале да направат нешто добро. Доколку не верувате, приказните во продолжение ќе ве убедат во тоа.

Фејсбук најде нови кученца за кучка што ги изгубила своите

Дејзи ги изгубила своите 7 кученца во пожар и постојано жалела по нив. Нејзиниот сопственик ја раскажал приказната на Фејсбук и набрзо добил порака од човек кој имал 8 кученца сираци.

Дејзи веднаш ги прифатила кучињата како нејзини. Интернет корисниците беа трогнати од приказната.

vistinski-prikazni-shto-ja-pokazhuvaat-mokjta-na-socijalnite-mrezhi-02.jpg

Твитер прослави продавница за крофни

Еден маж од Тексас отворил продавница за крофни, но воопшто немал муштерии. Неговиот син, загрижен за својот татко, на Твитер објавил фотографија со неговото тажно лице. Објавата веднаш собрала над 700.000 допаѓања и продавницата на навистина се разработила.

Денес луѓето одат дури до Тексас само за да купат крофни од таму.

vistinski-prikazni-shto-ja-pokazhuvaat-mokjta-na-socijalnite-mrezhi-03.jpg

Инстаграм им го реши проблемот на многу млади татковци

Неодамна еден млад татко споделил фотографија на Инстаграм на која му ја менува пелената на своето дете држејќи го во скутот. Причината е што во машките тоалети нема маси за преслекување деца.

Токму оваа фотографија ја инспирира компанијата Pampers да инсталира 5.000 маси за пресоблекување деца во машките тоалети ширум САД.

Фејсбук претвори таксист во оперски пејач

Мензи Мнгома е таксист од Јужна Африка. Додека пренесувал една девојка почнал да пее, а таа го снимала. Девојката го објавила видеото на Фејсбук, а никој не останал рамнодушен на гласот на таксистот. Наскоро, мажот бил поканет на аудиција во Операта во Кејптаун, а се појави и на шоу за таленти во Лос Анџелес.

/

Интернeтот ја спасил роденденската забава на едно момче

На роденденската забава на едно 6-годишно момче од Флорида не се појавил никој од поканетите гости. Неговата мајка се разочарала и решила да ја сподели приказната на Фејсбук.

Набрзо потоа, дури 40 странци се појавиле на прагот од нивниот дом со подароци, а помеѓу нив имало и полицајци и пожарникари.

vistinski-prikazni-shto-ja-pokazhuvaat-mokjta-na-socijalnite-mrezhi-04.jpg

Уште 5 приказни на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg