20 нешта што веднаш ќе ви го подобрат расположението

Поради брзото темпо на живот, денес ретко кој одвојува време за себе. Но ова речиси секогаш предизвикува чувство на незадоволство. За да си го подобрите расположението, но и да го зачувате менталното здравје, пробајте некоја од следниве активности. Без сомнение, веднаш ќе се чувствувате подобро.

20-neshta-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-01.jpg

1. Доколку имате своја градина, засадете некој зеленчук. Доколку немате, секогаш можете да одгледувате нешто и во саксија.

2. Направете оброк што го немате направено претходно. Најдете некој стар готвач од вашата баба и следете го рецептот. На крајот ќе бидете навистина горди на себе.

3. Посетете некој музеј или галерија. Ова често го правиме кога сме на патување, но ретко во земјата во којашто живееме.

4. Медитирајте. Сигурно сте го слушнале ова безброј пати, но сега навистина пробајте да медитирате. Едноставно седнете и дишете длабоко. Не очекувајте да се случи ништо, туку само бидете смирени.

20-neshta-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-02.jpg

5. Излезете без никаква намера или цел. Само излезете и прошетајте се.

6. Прочитајте го омиленото поглавје од вашата омилена книга.

7. Изгледајте филм или претстава на отворено.

8. Тргнете ја облеката што повеќе не ја носите и донирајте ја.

20-neshta-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-03.jpg

9. Подарете ги книгите што знаете дека не ви требаат и дека нема да ги читате.

10. Цртајте, пишувајте, творете на кој било начин.

11. Запишете 20 прашања на кои би сакале да им го знаете одговорот, а потоа истражувајте на интернет или во библиотека.

12. Едно утро разбудете се пред изгрејсонцето и гледајте го.

20-neshta-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-04.jpg

13. Напишете му писмо на некој драг пријател.

14. Јавете им се на родителите и кажете им дека ги сакате.

15. Одете сами во омилениот ресторан и порачајте си го омилениот оброк.

16. Одете во библиотека и изгубете се помеѓу книгите.

20-neshta-shto-vednash-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-05.jpg

17. Изгаснете го мобилниот телефон и поминете го денот без технологија.

18. На лист хартија напишете ги сите ваши желби.

19. Одвојте цел ден за себе и направете си спа центар во домот. Ставете маска на лицето, направете маникир и педикир, пуштете си релаксирачка музика и уживајте.

20. Одете во природа и уживајте во зеленилото.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg