Јапонците измислија сладолед што не се топи

Зарем постои личност што не сака сладолед? Овој десерт е одлично освежување во летните денови, но има еден проблем со којшто сите сме се соочиле – топењето. Но, изгледа дека науката најде решение и за ова.

neobichen-japonski-izum-sladoled-shto-ne-se-topi-01.jpg

Јапонски тим научници создале сладолед кој не се топи, дури и после часови изложеност на висока температура.

Ова е сосема обичен сладолед, само со мала модификација. Но, уште поинтересна е и приказната за неговото откривање.

После земјотресот и цунамито во 2011-та во Јапонија (оние што го предизвикаа и топењето на реакторот во нуклеарната Фукушима), еден јапонски готвач морал да открие што да прави со полифенолот, хемикалија што се добива од јагоди.

neobichen-japonski-izum-sladoled-shto-ne-se-topi-02.jpg

Причината била што никој не сакал да купува јагоди кои биле деформирани поради земјотресот. Сепак, јапонците не сакале да ги фрлаат јагодите и решиле да најдат начин да го искористат полифенолот. Па, замолиле еден готвач да смисли десерт.

Експериментот на готвачот се одвивал како што треба, но проблемот бил што секој пат кога ја додавал хемикалијата во кремот, тој веднаш се стврднувал.

neobichen-japonski-izum-sladoled-shto-ne-se-topi-03.jpg

Течноста со полифенол го отежнува раздвојувањето на водата и маслото. Ова значи дека кога ќе го додадете во сладолед, тој подолго ќе ја задржи својата форма и нема да се растопи.

Користејќи ја оваа технологија, Томихиса Ота, професор по фармација на Универзитетот Каназава, и неговиот тим го направиле сладоледот Kanazawa.

Овие сладоледи ја задржуваат нивната форма, без разлика каква е, кога се изложени на сонце, па дури и на топлина од фен.

Наводно, сладоледот можел да биде и запален без да се растопи и може да издржи температура до 40 степени Целзиусови.

Но, доколку сакате запалив сладолед што не се топи, ќе треба да одите во Јапонија, бидејќи засега нема планови за извезување на продуктот.

neobichen-japonski-izum-sladoled-shto-ne-se-topi-04.jpg

neobichen-japonski-izum-sladoled-shto-ne-se-topi-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...
11 зимски и новогодишни декорации од TEMU за кои нема да потрошите цело богатство Какви декорации за празниците може да си купите од TEMU за цена до 600 денари? С...
Чоколатца со грав и уште 9 работи што можете да ги видите само во Јапонија (фото) Автомати за сè, вклучувајќи и преливи за салати, како и тоалетни школки во лифто...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
7 древни јапонски техники со кои најлесно ќе ја надминете мрзеливоста Каизен, Ваби-саби, Хара Хачи Бу... Дали сте слушнале за овие техники п...
Момци со брокула фризура, претерани филери и уште 11 трендови од последната декада што на луѓето им ... Дали во последниве години стана тренд да се остава бакшиш за секоја можна услуга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg