Цанда Ангелова: „Како Свети Георги ни помогна во лековитиот Дељадровски манастир во скопски Илинден?“

„Во оваа наша мала земја, во оваа библиска Македонија има многу места кои се лековити. Многу места кои Бог ги благословил да ни помагаат на нас смртниците, и да бидат дел од нашите животи. За ние да се предадеме на волјата Божја, за да можеме да живееме подобро. Еден од неколкуте случки од мојот живот кои сакам да ги раскажам, се однесуваат на Свети Георги, и како тој светец му помогна на моето семејство, преку неговиот лековит манастир“ - Цанда Ангелова (75) за CRNOBELO.com раскажува за лековитиот манастир посветен на Светиот великомаченик Георги близу селото Дељадровци, на патот Скопје – Куманово.

Canda-Angelova-Kako-sveti-Georgi-ni-pomogna-vo-lekovitiot-Deljadrovskiot-manastir-02.jpg

Цанда Ангелова (75) за CRNOBELO.com ја раскажува својата приказна за лековитиот манастир посветен на Светиот великомаченик Георги близу селото Дељадровци, на патот Скопје – Куманово и за тоа како овој манастир му помогнал на нејзиното семејства. 

Преку искуствата и сите нешта кои Цанда ги има посведочено, дознаваме за исцелителната моќ на овој манастир, и воедно како парализирани проодувале, неротки останувале трудни, и луѓе си наоѓале среќа, радост и мир.

Во продолжение проследете го сведоштвото на Цанда во целост:

Јас бев израсната во богобојазливо семејство кое секогаш беше посветено на Бога. Секогаш сме ги одбележувале сите големи христијански празници, и сме се труделе да живееме добро и правилно.

Иако и јас верував од мала, сепак не бев толку ревносна, и некои работи не ми беа познати.

Така, за првпат се сретнав со големата моќ на православието преку еден сон. Веќе бев омажена, а синчето беше во основно училиште.

Во текот на Великиот пост, точно десет денови пред Воскресението Христово, мене ми се сони еден сон. Пред да се разбудам, во самите зори, пред мене видов како стои светител.

А од моја десна страна слушам женски глас кој ми вели „ова е Свети Георги и слава ќе ви биде.

Морам да потенцирам дека дотогаш ние немавме наша фамилијарна слава.

Јас бев во шок. Не знаев што ми се случува. Не знаев ни како да им кажам на мојот сопруг и син, бидејќи дотогаш не сум се соочила со нешто од тој вид.

Во тој момент се сетив на една случка. Се сетив како мојот тетин Трајко се имаше излечено од парализа во некој манастир посветен на Свети Георги за кој не знаев каде се наоѓа.

Кај него случката е многу интересна.

Мојот тетин Трајко бил толку парализиран и во толку безизлезна ситуација што докторите го посоветувале неговото семејство да си го земат дома, за да почине со најблиските.

Таа вечер, на балдазата негова (сестрата на жена му) ѝ се сонува дека треба да го однесат во манастирот Свети Георги кој се наоѓа пред Куманово.

Следниот ден го носат тетин Трајко во манастирот. Бидејќи бил парализиран неговото семејство морало од селото Дељадровце да земат магаре за да се искачат накај манастирот.

Старата игуменија им раскажала дека во комплексот на самиот манастир се наоѓал исцелителен камен крст, кој тогаш бил во една од малите црквички и пред кој било послано и ќебе за верниците да можат да легнат, заспијат, и да се излечат.

Успеале да го легнат мојот тетин Трајко пред камениот крст. Спиел околу три часа, и кога се разбудил побарал да му помогнат да стане.

А игуменијата му рекла „ајде Трајко сам стани.

И тој се фатил за крстот и станал. И се случило чудо.

Почнал да оди, и од среќа и радост, почнал надвор да трча и да го величи Бог. И од голема благодарност, сѐ до неговата смрт, тој служеше на Бога во манастирот за сите празници.

#Манастир "Св. Ѓорѓија" - с. Дељадровци

Posted by Убавините на Р Македонија / The beauties of the Republic of Macedonia on Wednesday, August 26, 2020

Токму поради тоа, и знаејќи ја оваа приказна, јас на истиот тој прв ден Велигден, му се јавив на мојот тетин Трајко и му раскажав за сонот.

Тој ме советуваше да отидеме јас, мојот сопруг и синот следните денови и да си запалиме свеќи и да се помолиме.

На третиот ден Велигден заминавме накај манастирот.

Веднаш нѐ пречека тогашната игуменија на која ѝ го раскажав сонот.

Уште се сеќавам кога ми рече „Деца мили, има Бог, само штета што никој од младите веќе не верува.

Со неа заедно, од конаците почнавме да се упатуваме накај главната црква.

Додека одевме полека таа ни кажа дека клучевите од црквите се даваат на верниците да ги отклучат.

Ни објасни дека ако тешко се отклучи црквата тогаш тој што ја отклучува е лош човек, а ако лесно се отклучи значи е добар човек.

Во тој момент пристигна и митрополитот на Полошко-кумановската епархија Господин Кирил и игуменијата нѐ напушти за да го пречека.

Ние влеговме во црквите, си запаливме свеќи, си оставивме дарови и излеговме. Потоа земавме благослов од митрополитот, се поздравивме со игуменијата и си заминавме дома.

Canda-Angelova-Kako-sveti-Georgi-ni-pomogna-vo-lekovitiot-Deljadrovskiot-manastir-03.jpg

После неколку денови јас повторно се слушнав со мојот тетин Трајко, кој ни посоветува да го славиме летниот празник на Свети Георги кој е на 6-ти мај, бидејќи сонот ми се случил во текот на Великиот пост, и пред тој празник. За крај од разговорот, нѐ покани за празникот да преспиеме во манастирот. Секако дека се согласивме.

На 5-ти мај заминавме сите тројца, со посебен трепет во душа и исчекување и среќа.

Манастирот беше полн со народ. Прекрасен и со посебна благодат. Се поздравивме со игуменијата, а дедо Трајко веднаш нè смести во собата (во конакот) каде требаше да преспиеме.

Кога вечеравме, се случи една интересна случка.

Гостилницата и собите за спиење беа одделени само со еден ходник. Синот оти мал, посака да спие. Го однесов во соба, го покрив, и се вратив во гостилницата чија врата беше веднаш наспроти вратата од нашата соба.

Додека седевме на вечера, јас почнав да се присетувам да не сум заборавила нешто да понесам со нас. И во тој момент се сетив дека заборавив да земам пешкир за бришење лице.

Исто во тој момент, синчето почна да кашла многу силно.

Јас станав да го проверам, но во тој момент од друга соба излезе игуменијата, а јас ѝ отстапив предност прва да влезе во собата.

И вели: „кое дете ми се закашла толку?“ и отиде до синчето, го погали и додаде: „еве баба ти донесе пешкир за сабајле кога ќе станеш да се измиеш лице.

Не можам да го објаснам изненадувањето и трепетот низ цело тело кое го почувствував тогаш. Не може со зборови да се опише нешто такво кога ќе се случи. До денес го чуваме тој пешкир.

Следниот ден се разбудивме рано, присуствувавме на Литургија, каде за првпат си ја одбележавме нашата нова слава со панагија.

После пет години од сето ова, мојот сопруг многу се разболе. Не знаевме дали ќе остане жив, дури и докторите беа исплашени за неговото здравје. Нѐ подготвуваа за најлошото.

Додека тој беше во болница, повторно на сон од мојата десна страна слушнав женски глас кој ми кажа: „Не се плашете, ќе оздрави сопругот, Свети Георги ве чува.

И кратко после тоа, мојот сопруг целосно закрепна.

Од тогаш, па сѐ до овој момент денешен, Свети Георги е наш заштитник. А манастирот кај Дељадровце е извор на чуда.

И не само наши. Има многу сведоштва на жени кои останале бремени, луѓе кои се излекувале од секаква болест, мали деца кои си нашле спас.

Само потребно е да се има верба. Потребно е да се живее православно и со љубов. А токму сега, за најголемите пости наши, треба да се посветиме, треба да веруваме. Штета што зборовите на старата игуменија се вистинити и денес: „Деца мили, има Бог, само штета што никој од младите веќе не верува.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

К. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg