Кои земји го празнуваат Божиќ на 7 јануари и какви се традициите?
Во некои источноевропски како што се Македонија, Србија, Црна Гора и некои блискоисточни земји, Божиќ официјално се слави на 7 јануари. Знаеме дека тоа е така затоа што бројни православни христијански цркви го следат јулијанскиот календар за верски прослави. Кои други земји го празнуваат Божиќ на 7 јануари?
Јулијанскиот календар е 13 дена зад грегоријанскиот календар - стандардниот меѓународен календар што се користи денес.
Тој календар бил создаден од папата Григориј XIII во 1582 кој сакал да го поправи несовпаѓањето помеѓу календарското време и пресметаното астрономско време.
Но, за почеток, само католичките земји ги усвоија промените, а православните христијански земји останаа на јулијанскиот календар.
Некои други земји кои го празнуваат Божиќ на 7 јануари се: Белорусија, Грузија, Ерменија, Казахстан, Молдавија, Русија, Украина, Етиопија.
Дали нивните традиции се поразлични од нашите?
Во Белорусија, Грузија, Ерменија, Казахстан, Молдавија, Русијa, Украина, Србија и Црна Гора традициите се слични како нашите.
На Бадник се јаде посна храна и се дели лепче, се става сено под масата, додека пак следниот ден, односно на Божиќ се собираат најблиските, се пече прасе и трпезата е богата со различна храна и пијалаци.
Но, во Етиопија имаат поразлични традиции. На Бадник свештениците носат црвено-бела одежда и чадори со везени реси.
Во попладневните часови, типично е да се присуствува на црковните служби. На секој човек му се дава свеќа и се оди трипати околу црквата. Слично како кај нас, но за Велигден.
Во Етиопија за Бадник и Божиќ приготвуваат јадења со секаков вид месо, а како изгледаат божиќните трпези во гореспоменатите земји?
Погледнете ги традиционалните божиќни трпези преку фотографии:
Ерменија
Етиопија
Русија
Грузија
Казахстан
Молдавија
Украина
Белорусија
M. Г. | Црнобело / фото: pinterest.com