Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Жртвувал луѓе за ритуали, правел магии за нарко-босови - бизарниот култ на Адолфо Констанцо

Адолфо Констанцо имал свој култ со кој практикувал ритуали со човечки коски, а го привлече вниманието на јавноста кога уби американски студент бидејќи сакал да направи ритуал со неговиот мозок - што друго знаеме за озлогласениот убиец од САД?

zhrtvuval-lugje-za-rituali-pravel-magii-za-narko-bosovi-bizarniot-kult-na-adolfo-konstanco-01.jpg

Адолфо Констанцо пораснал во Мајами, Флорида, а кога сè уште бил тинејџер, се вклучил во трговија со дрога и неколку чудни култови поврзани со религија.

Работел како чирак на волшебник и ја практикувал религијата наречена Пало Мајомбе, која има ритуал познат како nganga.

Овој ритуал вклучува ставање човечки и животински коски во железен котел, како и жртвена животинска крв, за да се направи некоја „магија“.

zhrtvuval-lugje-za-rituali-pravel-magii-za-narko-bosovi-bizarniot-kult-na-adolfo-konstanco-02.jpg

Кога Констанцо се преселил во Мексико Сити во 1984 година, тој почнал да нуди ритуали со магии на градската елита и бројните нарко-картели.

Тој ги извршувал овие ритуали со животни, многу од нив егзотични, како и со човечки коски што ги крадел од гробовите.

Адолфо, заедно со големиот број следбеници што ги стекнал за време на неговиот живот таму, почнал да мисли дека ритуалот nganga ќе биде помоќен ако почнат да користат живи човечки жртви, а не коски украдени од гробишта.

zhrtvuval-lugje-za-rituali-pravel-magii-za-narko-bosovi-bizarniot-kult-na-adolfo-konstanco-04.jpg

Освен овие ритуали, Констанцо се вклучил и во бизнисот со дрога, работејќи со картелот на браќата Хернандез.

Во 1988 година, Констанцо се преселил на ранч во Санта Елена, каде што собирал човечки жртви и складирал големи количини дрога.

На ранчот, Констанцо ги криел телата на жртвите користени за неговите ритуали. Тој верувал дека колку е поголема жртвата, толку е поголема моќта на котелот, а со тоа и магијата.

Иако култот веќе имал човечки жртви, Констанцо одлучил дека им треба и мозок од американски студент за да ја зголемат силата на магијата.

Убиството на Марк Килрој

Убиството на Марк Килрој е најозлогласеното убиство што го извршил култот. Марк Килрој бил американски студент по медицина на Универзитетот во Тексас.

Тој заминал во Мексико на пролетниот распуст во 1989 година со тројца негови пријатели.

Тие го оставиле својот автомобил на американската страна од границата и ја поминале границата.

koj-e-adolfo-konstanco-i-negoviot-bizaren-kult-narkosatanisti-03.png

Пријателите уживале низ градот и баровите, а потоа решиле да се вратат до нивниот автомобил. Но, Килрој никогаш не се појавил.

Тој бил киднапиран од култот и однесен на нивниот ранч каде што бил ужасно мачен.

Тие ги искористиле неговите мозок и 'рбетот за дел од ритуалите, а неговото тело потоа било распарчено и закопано на ранчот.

koj-e-adolfo-konstanco-i-negoviot-bizaren-kult-narkosatanisti-02.png

Имало малку докази за тоа каде отишол Килрој и што се случило, сè додека член на култот не се предал и ја одвел полицијата на ранчот.

Кога полицијата истражувала за дрогата на имотот, еден од работниците спомнал дека видел белец врзан во камион.

Полицијата нашла 27 осакатени тела закопани во близина на ранчот, вклучувајќи го и телото на Килрој. Откако сите докази биле отстранети од местото на злосторството, полицијата го запалила ранчот.

zhrtvuval-lugje-za-rituali-pravel-magii-za-narko-bosovi-bizarniot-kult-na-adolfo-konstanco-03.jpg

Адолфо Констанцо не сакал да оди во затвор, па додека полицијата да стигне во неговиот стан каде што се криел со другите соработници, Адолфо му го предал пиштолот на еден од нив и му рекол да го застрела.

Тој починал истиот ден, во 1989 година.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg