9 тајни на Кејт Мидлтон за младешки и елегантен, кралски изглед на 40 години
Користи масло од шипка против брчки, внимава на држењето на телото, избегнува нападна шминка и им дава предност на природните продукти за нега на кожа – кои се другите тајни на Кејт Мидлтон за нејзиниот елегантен изглед, достоен за идна кралица?
Кејт Мидлтон е миленичка на јавноста уште пред да се венча со принцот Вилијам.
Принцезата од Велс на свои 40 години изгледа подобро од кога било, а каде и да се појави зрачи елеганција.
Па, кои се нејзините тајни?
Внимава на држењето на телото
Со правилното држење на телото не само што ќе изгледате подобро, туку и ќе го намалите ризикот од болки во грбот и вратот.
И самите можете да забележите дека на секоја фотографија и снимка, Кејт Мидлтон оди и седи исправено, а ова секогаш прави да изгледа поелегантно.
Става силиконски влошки во чевлите
На повеќето настани, Кејт Мидлтон носи штикли, а неретко мора да издржи во нив и по неколку часови.
За да го избегне лизгањето на стапалото кога носи и хулахопки, но и за поголема удобност, таа секогаш става силиконски влошки во штиклите.
Не пробува да позира пред камерите
Нормално, некогаш Кејт застанува и позира пред фотографите, но во повеќето случаи таа се однесува како пред неа да нема ниту еден фотоапарат.
Резултатот се спонтани фотографии на кои Кејт секогаш зрачи елеганција.
Костимите ѝ се омилена облека за формални настани
Кога треба да се облечете формално, следете го примерот на Кејт.
Никогаш нема да погрешите со елегантен костим во комбинација со штикли.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





