Пристигнуваат 3Д цртани
Сите фанови на делата на Дизни како што се „Убавицата и ѕверот“, „Барајќи го Немо“ сигурно ќе ги израдува веста дека оваа компанија се одлучи...
...сите цртани да ги претстави во 3Д технологија!
По големиот успех на „Кралот Лав“ во 3Д, кој за помалку од 2 недели заработи повеќе од половина милијарда долари, наредните години ќе бидат резервирани за новите верзии на вашите омилени цртани филмови.
12 јануари 2012 година е датумот кога ќе пристигне „Убавицата и ѕверот“, а на 14 септември 2012 Немо тргнува во 3Д потрага! Во јануари 2013 ќе уживам во 3Д реиздание на „Чудовишта“, додека септември истата година е резервиран за авантурите на „Малата сирена“.
Дали сметате дека изданието на овие цртани класици во 3Д технологија е добар потег или не?