Жени откриваат: „Работи кои сакаме мажите конечно да ги разберат за нас“

„Менструалните болки за некои жени се многу силни и жените не драматизираат“.

zheni-otkrivaat-raboti-koi-sakame-mazhite-konechno-da-gi-razberat-za-nas-01.jpg

Поради бројни фактори, помеѓу мажите и жените постојат разлики, особено во начинот на размислување и согледување на работите.

Па, важно е да бидеме отворени едни со други за полесно да ги надминеме овие разлики.

Притоа, и очекувањата од двата пола се различни, па некогаш мажите не разбираат со што точно се соочуваат жените.

Секако, важи и обратното – некогаш и жените не се свесни за предизвиците на мажите.

Сепак, овој пат се фокусираме на работите што мажите треба да ги знаат за жените.

На Редит, неколку жени споделуваат кои се работите што сакаат повеќето мажи да ги сфатат:

„Не си ја фарбаме косата, не ставаме вештачки нокти, не ставаме филери и не се шминкаме и дотеруваме за да им бидеме привлечни на мажите.

Да, некогаш сакаме да сме привлечни за некои мажи, но многу почесто ги правиме овие работи бидејќи така се чувствуваме убаво“.

„Делењето на домашните обврски значи да го завршите вашиот дел без ние да ви кажуваме. Не сакам да те молам да исчистиш дома и да те потсетувам за сè.

И на мојот мозок му треба пауза, па важно е и партнерот да презема иницијатива“.

zheni-otkrivaat-raboti-koi-sakame-mazhite-konechno-da-gi-razberat-za-nas-02.JPG

„Кога навечер сме излезени сами и се чувствуваме небезбедно, знаеме дека мнозинството мажи се добри и нема ни да нè забележат. Проблемот е што не знаеме кој е тој еден што можеби има лоши намери“.

„Менструалните болки за некои жени се многу силни и жените не драматизираат“.

zheni-otkrivaat-raboti-koi-sakame-mazhite-konechno-da-gi-razberat-za-nas-03.JPG

„Сакам да разберете дека ’НЕ‘ значи ’НЕ‘. Не ве одбиваме за да глумиме недостижни“.

„Бременоста и периодот по породувањето не се лесни. Кога јас бев времена, постојано се чувствував како да имам многу лош мамурлак“.

zheni-otkrivaat-raboti-koi-sakame-mazhite-konechno-da-gi-razberat-za-nas-04.JPG

„Некогаш мажите не сфаќаат колку е важно само да нè ислушаат и да ни покажат разбирање, наместо да ни држат лекции за како да решиме некој проблем“.

„Ако сум фина и учтива со тебе, не значи дека флертувам“.

zheni-otkrivaat-raboti-koi-sakame-mazhite-konechno-da-gi-razberat-za-nas-05.JPG

„До постарите мажи – менопаузата е ролеркостер од физички и емоционални промени. Ве молам едуцирајте се и дајте им ја потребната поддршка на партнерките“.

„Многу мажи не го разбираат притисокот што го чувствуваат жените да балансираат неколку улоги во нивните животи, како кариера, семејство или очекувања од општеството.

Некогаш ова им е премногу и им требаат поддршка и разбирање“.

zheni-otkrivaat-raboti-koi-sakame-mazhite-konechno-da-gi-razberat-za-nas-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg