16 фото-докази дека во светот уште постојат кавалери и мажи кои ги почитуваат жените
-->
Професор кој го држи детето на студентка додека таа фаќа белешки на предавањето, старец кој отишол во фризерски салон за да научи да ѝ прави фризури на сопругата, полицајци кои им даваат рози на жените возачи на Денот на жената – во светот навистина постојат мажи кои се кавалери.
Можеби мислиме дека многу работи во светот само се влошуваат, но факт е дека околу нас сепак доминираат убавите нешта.
-->
Кога станува збор за односот на луѓето едни кон други, преовладува мислењето дека сите стануваат постудени, позатворени, понеучтиви...
Но сепак, во светот уште постојат прекрасни луѓе, вклучувајќи и мажи кои се вистински кавалери.
Неколку фотки што го докажуваат тоа:
Во Холандија, двајца полицајци останале во домот на жена која итно била пренесена во болница поради хипогликемија за да направат вечера за петте деца кои биле дома. Потоа ги измиле и садовите
„Студентка дојде на предавање со нејзиното бебе бидејќи не можела да најде дадилка. Професорот само ѝ рече ’Јас ќе го држам за да можеш да пишуваш‘“.
-->
-->
„На секој Ден на вљубените, овој прекрасен господин ги носи сите вдовици од домот за пензионери на ручек и за секоја купува подарок и роза“.
-->
„Пред неколку месеци, постара дама ме замоли да ја испратам до дома бидејќи ѝ беше страв да не се лизне на мразот. Оттогаш ја испраќам до дома скоро секој ден“.
„Сестра ми се породува и брат ми се појави во болницата со костум бидејќи ’првиот впечаток е многу важен‘“.
-->
„Во авионот имаше маж кој ѝ понуди на една жена да помогне бидејќи беше бремена и сама, а нејзиниот син плачеше. Само ѝ рече дека и тој има деца и сака да помогне за таа да може да одмори“.
„Овој добар возач на автобус го запре автобусот полн со патници само за да утеши мало девојче кое плачеше на патот“.
„Ми се дупна гумата од автомобилот и иако зборував со дечко ми на телефон и тој пробуваше да ми помогне, не можев да ја извадам. Тогаш се појавија овие момци“.
Уште осум фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември
Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме
Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“
„Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери
„Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“
„Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик?
Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...