7 тајни на искусните келнери (со кои манипулираат со гостите)
„Секој пат кога гостите се жалат за температурата во локалот, јас го фаќам далечинскиот управувач за клима уредот и се преправам дека ја приспособувам температурата.“
Искусните келнери си имаат свои трикови за манипулација со гостите. Тие го прават тоа за гостите да бидат задоволни, но и тие самите.
На Reddit луѓе кои работат како келнери ги откриваат своите тајни:
Ако видам дека гостите во кафулето каде што работам се туристи, започнувам разговор со нив и им препорачувам места во градот кои треба да ги посетат и им давам препораки за локални специјалитети, на крај најчесто добивам бакшиш.
Секогаш спонтано им споменувам на гостите нешто по кое сме препознатливи, без разлика дали тоа е тазе чизкејк или некој специјалитет за ручек, тие сакаат предлози, а јас изгледам како да си ја знам добро работата.
Тајната на успехот е неуспехот да го припишеш на некој друг, односно на пример ако јадењето им доцни на гостите, а тие се нервозни, може да им кажете дека не било приготвено според стандардите на ресторанот, па вие сте му кажале на готвачот да приготви одново совршен оброк за нив.
Секој пат кога гостите се жалат за температурата во локалот, јас го фаќам далечинскиот управувач за клима уредот и се преправам дека ја прилагодувам температурата.
За да успеам да ја задржам насмевката на лицето кога е хаос од луѓе и нарачки во локалот и за да не избувнам и да се скарам со некој, одам во тоалетот и седнувам на шолјата 5 минути да бидам сам и во тишина.
Понекогаш гостите сакаат промена во рецептот, па јас им велам дека мора да се консултирам со главниот готвач, одам до кујната, па се враќам и им кажувам дека не правиме измени во рецептите, но за нив ќе направиме и на крај добивам бакшиш (се разбира, сето тоа е во договор со готвачот).
Во коктелите им ставам на гостите две цевки наместо една, сум забележал дека така побрзо ги празнат чашите и нарачуваат нови.
С. С. | Црнобело