Низ илустрации: Секојдневието со мојата сопруга и двете мали деца, кога никој не гледа
Израелскиот илустратор Јехуда Девир е веќе добро познат на светската публика, а речиси никој не може да остане имун на неговите илсутрации во кои на комичен начин го отсликува сопственото секојдневие.
Заборавете на семејната идила, Јехуда ги прикажува реалните ситуации од својот живот со мали деца и со сопругата Маја во кои може да се пронајдат голем број парови, а како што вели на својот Инстаграм профил, тој и Маја сѐ уште се тука, само сега имаат деца.
Тој брзо стекна популарност со своите илустрации и почна да ги прикажува сите фази од животот, вклучувајќи ја првата бременост на партнерката, секојдневието со бебенцето, втората бременост, па сега повеќе е сконцентриран на тоа како изгледа животот со мали деца.
Погледнете неколку негови нови илустрации што добро ќе ве насмеат:
Изгледам добро, нели? Само кажи: „Да“!