10 знаци дека животот ви се менува на подобро (дури и ако се чувствувате безнадежно)
Вашите желби се во хармонија со вашиот карактер
Можеби порано сте сакале да бидете ултра богата личност или некој кој работи постојано и е многу успешен, но само затоа што и другите го посакувале ова.
Нема ништо лошо и ако ова се вашите желби и цели, сè додека вистински ги посакувате.
Штом ќе забележите дека вашите цели и желби се во склоп на вашиот карактер, а не се засновани на туѓите очекувања од вас, во вашиот живот дефинтивно се случуваа позитивна промена.
Некогаш се чувствувате изгубено
Кога почнувате да се ослободувате од застарените верувања и наметнатите вредности, нормално е да се чувствувате изгубено.
Нормално е да не знаете што следно и да бидете по малку исплашени за иднината.
Сето ова е знак дека се случуваат позитивни промени.
Секоја грешка ја гледате како лекција
Наместо да се обвинувате за грешките и да се прашувате зошто сте дозволиле да ги направите, сега ги гледате како лекции.
Знаете дека навистина е човечки да се греши и единствено треба да ја признаете и прифатите грешката, па да ја научите лекцијата од неа.
Сфаќате дека најчесто вие сте причина за вашите проблеми
Точно е дека постојат проблеми врз кои немате контрола, но ви станува јасно дека поголемиот дел од проблемите се донекаде ваша вина.
Лесно е да ја префрламе вината на други, па кога ќе се соочите со фактот дека во голема мера вината е само ваша, животот ќе почне да ви се менува на подобро.
Знаете дека не го добивате она што го сакате, но знаете и дека не се трудите доволно
Можеби сакате да најдете партнер и никако не успевате, но станувате свесни дека воопшто не излегувате и не ни пробувате да најдете партнер.
Можеби немате тело како на супермодел, но станувате свесни дека не се ни трудите да го имате телото од соништата.
Можеби не сте задоволни од работното место, но сфаќате дека не сте ни почнале да барате друга работа.
Ако знаете дека ќе мора да се потрудите за да го добиете она што го сакате и заслужувате, тогаш животот дефинитивно ви се менува на подобро.
Спирова С. | Црнобело