Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 знаци дека животот ви се менува на подобро (дури и ако се чувствувате безнадежно)

Се чувствувате изгубено, не ги потиснувате емоциите и знаете дека ако сакате да добиете нешто, мора да се потрудите – кои се другите знаци дека животот ви се менува на подобро, дури и кога не ви изгледа така?

10-znaci-deka-zhivotot-vi-se-menuva-na-podobro-duri-i-ako-se-chuvstvuvate-beznadezhno-01.jpg

Лесно е да почнете да им верувате на негативните мисли кои пробуваат да ве убедат дека стоите во место и во вашиот живот нема никакво подобрување.

Кога ќе ја земете предвид и сегашната ситуација во светот, уште потешко е да се убедите дека во вашиот живот сепак има барем мал напредок.

Но, дури и ако уште сте далеку од вашите цели и знаете дека треба да научите уште многу работи, не значи дека вашиот живот не се подобрува.

Можеби станува збор за минимално подобрување, но најважно е дека постепено се движите напред.

Вам само ви останува да почнете да ги забележувате знаците кои укажуваат на ова подобрување бидејќи токму тие ќе ви ја вратат самодовербата и ќе ве поттикнат да продолжите понатаму.

10 знаци кои покажуваат дека животот сепак ви се менува на подобро:

Станувате свесни за работите што НЕ ги сакате

За да се ослободите од нешто што не го сакате, нешто што знаете дека ви штети, треба прво да станете свесни за тоа. А, ова е потешко отколку што изгледа.

Ако конечно станавте свесни за животните навики што не ги сакате, негативното влијание на „пријателите“ и сè друго што не ви се допаѓа, тоа е голем напредок.

Тоа значи дека знаете од што треба да се ослободите бидејќи повеќе не ви служи.

10-znaci-deka-zhivotot-vi-se-menuva-na-podobro-duri-i-ako-se-chuvstvuvate-beznadezhno-04.jpg

Станувате поотворени со другите

Многу луѓе настојуваат да се затворат кога минуваат низ тежок период, и тоа од разни причини.

Штом ќе забележите дека повеќе не сакате да се изолирате, дека станувате поотворени и зборувате за вашите проблеми со блиските, сте направиле голем чекор напред.

Всушност, дури и само ако почнувате да размислувате да бидете поотворени е знак дека нештата се менуваат на подобро.

Некогаш сте премногу емотивни

Ова само значи дека повеќе не ги потиснувате вашите емоции. Без разлика дали се позитивни или негативни, си дозволувате да ги почувствувате и не ги криете.

А, кога ќе ги прифатите емоциите, многу полесно ќе се справите со нив.

Сфаќате дека многу клишеа сепак имаат смисла

Ви станува јасно дека клишеата како „оптимизмот е избор“, „за љубовта треба да работите“, „вие сте одговорни за вашата среќа“ и слично имаат смисла.

Сфаќате дека не залудно се повторуваат одново и одново и ви ја менуваат перспективата за животот на подобро.

10-znaci-deka-zhivotot-vi-se-menuva-na-podobro-duri-i-ako-se-chuvstvuvate-beznadezhno-05.jpg

Станувате посвесни за себе и своите постапки

Некогаш самосвесноста може да биде товар, но е клучна за позитивните промени.

Станувате свесни за вашите постапки – и добри и лоши – за нивното влијание врз другите околу вас и, на основа на тоа, пробувате да се подобрите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Периоди во животот кога е нормално (и корисно) да се чувствувате изгубено, според психологијата Ако вашата работа не ве исполнува, може да се чувствувате изгубено. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg