Периоди во животот кога е нормално (и корисно) да се чувствувате изгубено, според психологијата

Ако вашата работа не ве исполнува, може да се чувствувате изгубено. Но, всушност ова е добра вест. Тоа значи дека си признавате дека сакате да најдете нешто постабилно. Во кои други периоди од животот е нормално да се чувствувате изгубено?

se-chuvstvuvate-izgubeno-i-ne-znaete-shto-ponatamu-vo-zhivotot-spored-psihologijata-vo-ovie-situacii-toa-e-navistina-korisno-01.jpg

Дали во одреден момент во животот се имате почувствувано како да сте риба која излегла надвор од водата, па не знае да се врати назад и се бори да дише?

Како да сте изгубени во секојдневието и не знаете по која патека да тргнете. Веруваме дека многумина потврдно ќе одговорат на ова прашање, а исто така многумина ќе се согласат дека тоа чувство е страшно, нуди несигурност и тага.

Но, добрата вест е што, според психологијата, чувствувањето изгубено во животот во одредени ситуации може да биде добро, иако во тој момент не ви се чини така.

Во кои периоди чувството на „изгубеност“ е навистина корисно?

Кога сте тинејџери и млади

Кога сте тинејџери, мислите дека знаете сè, но по одреден момент кога ќе ви надојдат сите работи, може да чувствувате како целото небо да се урива врз вас и дека нема да имате доволно сила да го издржите целиот тој товар.

Но, кога станувате повозрасни сфаќате дека такви „турбуленции“ всушност ви биле неопходни за да станете постабилни и посилни.

Исто така, чувството на изгубеност може да ја поттикне љубопитноста, да се анализирате себеси, да истражувате нови работи, различни и непознати.

Во такви моменти ви се јавуваат многу прашања кои потоа поттикнуваат нови животни правци и ве обликуваат да станете личноста што сакате да бидете.

se-chuvstvuvate-izgubeno-i-ne-znaete-shto-ponatamu-vo-zhivotot-spored-psihologijata-vo-ovie-situacii-toa-e-navistina-korisno-02.jpg

Кога поминувате низ фаза на раскинување врска

Раскинувањето врска со личност која ви била поддршка и со која сте ја планирале иднината е една од најтешките работи кои може да ви се случи.

Од раскинување, до разводи или губење на саканата личност, тешко е кога одеднаш ќе се најдете во свет во кој личноста која ви значела многу, повеќе не е во вашиот живот.

По целата таа болка може да се чувствувате изгубено и нецелосно.

Но, откако ќе излезете од тој „тунел“, ќе сфатите дека истовремено сте си направиле простор за нешто поразлично, нешто кое ќе внесе повеќе позитивна енергија во вашиот живот и ќе ви даде нова надеж.

se-chuvstvuvate-izgubeno-i-ne-znaete-shto-ponatamu-vo-zhivotot-spored-psihologijata-vo-ovie-situacii-toa-e-navistina-korisno-03.jpg

Кога штотуку сте дипломирале

Откако ќе ја добиете дипломата, може да се најдете во реалниот свет, несигурни како да продолжите. Но, не сте сами во тоа.

Повеќето студенти всушност и не знаат во кој правец да тргнат откако ќе завршат со студирањето, а наоѓањето работа е уште еден тежок предизвик.

Сепак, сето ова е голема лекција затоа што дваесеттите се години за експериментирање, за испробување на различни патишта за да видите што е она што ви одговара. Па, во ред е понекогаш да се чувствувате изгубено.

se-chuvstvuvate-izgubeno-i-ne-znaete-shto-ponatamu-vo-zhivotot-spored-psihologijata-vo-ovie-situacii-toa-e-navistina-korisno-04.jpg

Кога не ве исполнува вашата работа

Иако дваесеттите години на некој начин се наменети за експериментирање, сепак, не значи дека откако ќе наполните триесет или четириесет години, треба волшебно да останете на истата работна позиција со децении.

Во денешно време станува сè повообичаено луѓето да мигрираат помеѓу работни места и индустрии.

Не треба да го поминете животот правејќи исти работи пет (шест) дена во неделата, до денот кога ќе се пензионирате.

Ако вашата работа не ве исполнува, може да се чувствувате изгубено.

Но, всушност ова е добра вест. Тоа значи дека си признавате дека сакате да најдете нешто подобро за вас. Никогаш не е доцна, секогаш може да ги промените вашите патишта.

se-chuvstvuvate-izgubeno-i-ne-znaete-shto-ponatamu-vo-zhivotot-spored-psihologijata-vo-ovie-situacii-toa-e-navistina-korisno-06.jpg

Преселување во друга земја

Нормално е да се чувствувате изгубено кога ќе се преселите во друга земја. Но, тоа не треба да ви биде пречка да ги остварите вашите соништа.

Преселувањето во странство ве запознава со други култури и ве принудува да растете надвор од вашите граници.

se-chuvstvuvate-izgubeno-i-ne-znaete-shto-ponatamu-vo-zhivotot-spored-psihologijata-vo-ovie-situacii-toa-e-navistina-korisno-05.jpg

Кога вашите духовни или политички уверувања се променуваат

Не е невозможно да се разнишаат вашите духовни, политички или интелектуални верувања.

Во тој момент може да се чувствувате изгубено и тешко, па да си ги поставите прашањата: Кој сум јас? Во што треба да верувам? Кој сакам да станам?

Но, како што стареете, вие постојано станувате нова верзија на себе, па неизбежен дел од тоа е отфрлувањето на старите верувања и прифаќањето нови.

Запаметете дека таков е вистинскиот раст, тежок и несигурен. Но, на крајот тоа е она што ќе ви помогне да станете подобра верзија од себе.

se-chuvstvuvate-izgubeno-i-ne-znaete-shto-ponatamu-vo-zhivotot-spored-psihologijata-vo-ovie-situacii-toa-e-navistina-korisno-07.jpg

Чувството на изгубеност најчесто е добра работа. Сè додека правите нешто во врска со тоа - се трудите да истражувате различни животни патеки, одлучувате да се надоградувате или да смените некој аспект од вашиот карактер - од другата страна ќе излезете како посилна и поотпорна верзија на себе.

Со тоа ќе создадете простор за нови искуства, идеи и чувства.

Затоа, не запирајте, истражувајте, па по неколку години може ќе погледнете наназад и ќе кажете: „Сето ова ми вредеше“.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg