Танцува, јаде со раце, менува гума на автомобил - фотки од кралицата Елизбета кои не сте ги виделе досега
Помеѓу бројните фотографии од важни настани, постојат и поинтимни фотографии кои покажуваат дека иако Елизабета беше кралица, таа сепак беше и „обична“ жена со свои интереси, желба за забава, но и смисла за хумор.
Кралицата Елизабета е монархот кој најдолго седел на тронот во Англија, а во 70-те години од нејзиното владеење навистина видела сè.
Елизабета го наследи тронот на само 25 години, а со текот на времето стекна репутација на најпрогресивен британски владетел.
Таа промени бројни кралски правила кои беа застарени, успеа да го доближи кралското семејство до јавноста, а во своето владеење се соочи со секакви кризи и проблеми.
Иако беше кралица и можеби најпознатата жена на светот, Елизабета отсекогаш покажувала дека е и „обична“ личност со свои интереси и хобија, но и смисла за хумор.