Танцува, јаде со раце, менува гума на автомобил - фотки од кралицата Елизбета кои не сте ги виделе досега
Помеѓу бројните фотографии од важни настани, постојат и поинтимни фотографии кои покажуваат дека иако Елизабета беше кралица, таа сепак беше и „обична“ жена со свои интереси, желба за забава, но и смисла за хумор.
Кралицата Елизабета е монархот кој најдолго седел на тронот во Англија, а во 70-те години од нејзиното владеење навистина видела сè.
Елизабета го наследи тронот на само 25 години, а со текот на времето стекна репутација на најпрогресивен британски владетел.
Таа промени бројни кралски правила кои беа застарени, успеа да го доближи кралското семејство до јавноста, а во своето владеење се соочи со секакви кризи и проблеми.
Иако беше кралица и можеби најпознатата жена на светот, Елизабета отсекогаш покажувала дека е и „обична“ личност со свои интереси и хобија, но и смисла за хумор.
Животот на кралицата Елизабета низ фотки:
Кралицата Елизабета во количка на 6-месечна возраст
Елизабета на прошетка со сестра ѝ, принцезата Маргарет (во количка) и нивните дадилки
Кралицата на нејзиниот велосипед
Добро познат факт е дека кралицата отсекогаш сакала кучиња – овде позира со нејзиниот миленик
Кралицата во тинејџерските години кога била дел од пливачки клуб
Елизабета на 13-годишна возраст со нејзиниот коњ
Кралицата менува автомобилска гума кога бил дел од армијата за време на Втората светска војна
Во минатото, членовите на кралското семејство изведувале разни претстави за Божиќ – овде Елизабета позира со нејзиниот костим за една ваква претстава
Кралицата се забавува на воениот брод HMS Vanguard
Со сопругот на тематска забава во Канада
Елизабета и нејзината камера за време на светската турнеја по крунисувањето
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





