Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Mорничавата приказна за најозлогласениот култ во светот (лидерот им наредил на 909 луѓе да се самоубијат)

Во 1978 година, следбениците на култот Peoples Temple извршиле масовно самоубиство откако испиле пијалак со цијанид по наредба на нивниот лидер. Помеѓу 909-те жртви, имало и деца на кои присилно им бил даден пијалакот, а наводно некои членови биле застрелани откако одбиле да го испијат отровот. 

liderot-vetuval-utopija-no-im-naredil-na-909-sledbenici-da-se-samoubijat-mornichavata-prikazna-za-najozloglaseniot-kult-vo-svetot-01.jpg

Кога бил основан во 1955 година, култот Peoples Temple изгледал како прогресивна организација која се залага за човечки права и има за цел да им помогне на многу луѓе.

Идејата на основачот Џим Џонс била создаде утописка заедница во која ќе има еднаквост.

Култот бил активен до 1978 година, кога ситуацијата ескалирала – основачот Џим Џонс им наредил на членовите на култот да испијат пијалак со цијанид, а ова резултирало со едно од најмасовните самоубиства во кое животот го загубиле 909 лица.

liderot-nateral-909-lica-da-izvrshat-masovno-samoubistvo-zoshto-peoples-temple-e-najozloglaseniot-kult-vo-svetot-05.jpg

Џејмс Ворен Џонс, попознат како Џим Џонс, бил роден во 1931 година. Татко му бил ветеран од Првата светска војна кој претрпел сериозни повреди на бојното поле.

Поради неговата состојба, семејството на Џим имало сериозни финансиски проблеми и неговото детство било далеку од лесно.

Според некои извори, покрај проблемите со сиромаштијата, Џим бил и целосно запоставен од неговата мајка.

Уште во младоста, Џим почнал да посетува неколку цркви и посакал да стане свештеник. Истовремено, на Џим не му се допаѓал расизмот кој доминирал во САД и ја мразел дискриминацијата што ја трпеле Афроамериканците.

liderot-nateral-909-lica-da-izvrshat-masovno-samoubistvo-zoshto-peoples-temple-e-najozloglaseniot-kult-vo-svetot-07.jpgЏим Џонс

Џим успеал да стане свештеник во Индијанаполис и се стекнал со репутација на харизматично свештено лице кое има моќ да ја претскаже иднината, па дури и да ги излечи болните.

Во 1955 година тој го основал култот Peoples Temple (храм на луѓето) како парохија во Индијанаполис.

liderot-nateral-909-lica-da-izvrshat-masovno-samoubistvo-zoshto-peoples-temple-e-najozloglaseniot-kult-vo-svetot-02.jpgСледбениците на култот на протест

Бил инспириран од желбата да создаде заедница во која ќе нема расизам и сиромаштија. Неговот „учење“ комбинирало елементи од идеологиите на христијанството, социјализмот и комунизмот, а најважна му била расната еднаквост помеѓу луѓето.

Поради ова, иако Џим е белец, со неговиот култ привлекол многу Афроамериканци кои биле жртви на расна дискриминација.

Култот брзо собрал многу следбеници и до 1960-тите биле отворени неколку седишта низ државата, вклучувајќи во Сан Франциско и Лос Анџелес. Истовремено, култот имал и врски со многу политичари.

liderot-nateral-909-lica-da-izvrshat-masovno-samoubistvo-zoshto-peoples-temple-e-najozloglaseniot-kult-vo-svetot-06.jpgСедиштето на Peoples Temple во Лос Анџелес

Самиот Џим тврдел дека култот го следеле 20.000 лица, но изворите тврдат дека веројатно бројот бил од 3.000 до 5.000.

Иако идеите на Џим можеби звучеле добро и неговите следбеници се надевале дека ќе го променат светот на подобро, во 1970-тите почнале да кружат гласини за насилство во култот.

Истовремено, многу медиуми дошле до извори кои тврделе дека Џим прави проневера на пари преку култот, но и дека има докази за злоупотреба на деца.

Џим се исплашил од ова, па во 1977 година убедил стотици членови на култот да се преселат на голем имот во државата Гвајана во Јужна Африка.

Заедницата била наречена Џонстаун (градот на Џонс).

liderot-nateral-909-lica-da-izvrshat-masovno-samoubistvo-zoshto-peoples-temple-e-najozloglaseniot-kult-vo-svetot10.jpgСедиштето во Сан Франциско

За неполна година, во Џонстаун се доселиле нешто помалку од 900 луѓе.

Следбениците му верувале на Џим кој им велел дека Џонстаун ќе биде утопија или рај на земјата, и воопшто не се сомневале во него.

Но, според некои извори, Џим ги тепал и уценувал неговите следбеници, а притоа ги убедил сите да се откажат од нивните материјални добра, вклучувајќи ги и нивните домови, и да му ги дадат нему, односно на култот.

Тој и ги заплашувал дека ако го напуштат култот, ќе бидат затворен во концентрациони кампови изградени од властите на САД.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg