Mорничавата приказна за најозлогласениот култ во светот (лидерот им наредил на 909 луѓе да се самоубијат)

liderot-nateral-909-lica-da-izvrshat-masovno-samoubistvo-zoshto-peoples-temple-e-najozloglaseniot-kult-vo-svetot-08.jpgВлезот на Џонстаун

Поради гласините, до 1978 година властите на САД веќе биле сериозно загрижени за култот на Џим, па го испратиле конгресменот Лео Рајан да открие што се случува.

Задачата на Лео била да открие дали членовите навистина трпат физичко и психичко малтретирање, но и дали се присилно држени во Џонстаун.

Лео пристигнал во Џонстаун на 17-ти ноември и наводно посетата поминала добро – тој не забележал никакви нерегуларности.

Следниот ден, кога го напуштал имотот, со него тргнале неколку членови на култот кои сакале да се вратат во САД.

Но, пред камионот да успее да го напушти имотот, Лео и останатите луѓе во него биле нападнати од други членови на култот. Не е познато зошто Џим го наредил овој напад штом посетата на Лео поминала без проблеми.

Првиот напад бил неуспешен, па Лео и сопатниците успеале да стигнат до локалниот аеродром.

liderot-nateral-909-lica-da-izvrshat-masovno-samoubistvo-zoshto-peoples-temple-e-najozloglaseniot-kult-vo-svetot-09.jpgЛео Рајан

Но, таму повторно биле нападнати. Овојпат Лео бил убиен, заедно со тројца новинари. Биле ранети и 11 други лица.

Веднаш по овој настан, на 18-ти ноември 1978 година, Џим Џонс им наредил на сите во заедницата да извршат самоубиство.

Наводно, тие веќе правеле проби за оваа церемонија која вклучувала пиење овошен пијалак во кој имало цијанид и седативи.

Најпрво возрасните им го ставиле пијалакот во устата на бебињата и децата со помош на шприц, а потоа го испиле самите.

Наводно и Џим го испил пијалакот, но бил најден и со прострелна рана на главата.

„Церемонијата“ на Џим резултирала со вкупно 909 смртни случаи, а помеѓу мртвите имало и деца.

Наводно, некои членови кои не сакале да го испијат отровот биле застрелани.

liderot-nateral-909-lica-da-izvrshat-masovno-samoubistvo-zoshto-peoples-temple-e-najozloglaseniot-kult-vo-svetot-03.jpg

Дури по трагедијата, организацијата Peoples Temple почнала да биде нарекувана култ, а американските медиуми го опишувале Џим како олицетворение на злото.

Масакрот го преживеале само 100-тина членови на култот, и тоа само бидејќи биле во соседниот град тој ден.

Кога полицијата го пребарала имотот, биле пронајдени огромни количини оружје, стотици пасоши кои веројатно им биле одземени на членовите, како и 500.000 долари во кеш.

Се открило и дека Џим имал милиони долари скриени во разни банки.

liderot-nateral-909-lica-da-izvrshat-masovno-samoubistvo-zoshto-peoples-temple-e-najozloglaseniot-kult-vo-svetot-04.jpgМеморијал за жртвите од Џонстаун

Подоцна само двајца луѓе била одведени пред суд за настаните во Џонстаун.

Лери Лејтон бил обвинет за убиството на конгресменот Лео Рајан и добил доживотна казна затвор. Сепак, во 2002 година беше пуштен на слобода.

Втората личност е Чарлс Бејкман, кој признал дека пробал да убие младо девојче од култот, по што поминал пет години во затвор во Гвајана.

Иако во светот постоеле и уште постојат многу озлогласени култови, изгледа само мал број можат да се споредат со Peoples Temple.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg