Чудни закони за женско однесување во светот низ годините - некои постојат дури и сега
Некои од најчудните барања за женско однесување беа укинати со текот на времето, но други сè уште се почитуваат. Кои се најчудните закони за женско однесување во светот? Ќе се изненадите!
Забрана за јадење чоколадо во јавниот превоз во Англија
Оваа забрана се однесува на жените во Англија и е во сила од 1900 година. Жените немаат право да јадат чоколадо во сите видови јавен превоз. Зошто? Тешко дека некој би можел да ви даде значаен аргумент.
Забрана за правење суши во Јапонија
Во Јапонија е вообичаено само мажите да го подготвуваат ова вкусно јадење од ориз и сирова риба. За да се подготви суши, готвачот го обликува изладениот ориз со рацете додека не се загрее до телесна температура.
Јапонците до ден денес веруваат дека температурата на телото на жената е неколку степени повисока од машката, што би го уништило подготвувањето на ова традиционално јадење.
Без лакирани чевли
Во американската сојузна држава Охајо до денес е на сила чудна забрана, односно жените не смеат да носат лакирани чевли.
Се верува дека долната облека на дамата може да се одрази на сјајната површина на чевлите, што ќе предизвика несакани реакции кај мажите. Како ви звучи ова?
Забрана за носење пантолони во Париз (до 2013 година)
Звучи навистина неверојатно, но до 31 јануари 2013 година, жените во Париз не можеле да носат пантoлони.
Според правилата, жените кои добиле посебна полициска дозвола имале право да носат пантолони.
Нормално, ниту една жена која се почитувала себеси не го исполнила ова барање, па по многу протести, 200-годишното правило конечно било укинато.
Забраната за готвење во Русија (до 20-ти век)
Повеќето жени веројатно ќе помислат дека ова е всушност многу убава забрана. Меѓутоа, во Русија, забраната за готвење важело само за болни жени или жени со инвалидитет. Верувале дека болеста може да се пренесе преку храна.
Забрана за ракување (до 20-ти век)
Во Англија жените морале да научат што и кога можат да зборуваат, како да се шегуваат, кога точно да се насмеат.
Па така, било невозможно и да се ракуваат со маж и први да му прозборат. Ако сепак се случело маж да ѝ подаде рака на жена, таа била должна да возврати на поздравот со „лесно ракување“, но во никој случај не треба да му ја зграпчи раката.
М. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com