9 необични правила што треба да ги следат децата од британското кралско семејство
За Божиќ, децата јадат на посебна маса
Додека за повеќето Божиќ е празник кој се минува со семејството, на иста маса, ова не важи за кралското семејство.
Децата не само што јадат на посебна маса, туку се и сместени во различна соба од возрасните.
Малите девојчиња не смеат да носат круна
Кога некој ќе каже принцеза, веднаш помислуваме на круна. Но, додека принцезите се деца, тие не смеат да носат круни.
Всушност, тие не смеат да носат круна додека не стапат во брак.
Во британското кралско семејство, принцезите првпат ставаат круна на главата на денот на нивната венчавка.
Сите деца мораат да ѝ се поклонат на кралицата
Дури и најблиските внуци на кралицата, како принцезата Шарлот, мораат да ѝ се поклонат.
Наводно, тие се обврзани да го прават ова додека да наполнат пет години.
Треба да ги прифаќаат подароците, но не и да ги користат
Сигурно ви е јасно дека децата од кралското семејство добиваат премногу подароци. Според некои извори, принцот Џорџ добил над 700 подароци за неговиот роденден во 2014-та.
Кога добиваат подароци, дечињата мораат да ги прифатат. Но, не и да ги чуваат или да ги користат. А, веројатно не се најсреќни за ова.
Мораат да минуваат многу време на отворено
За разлика од другите, ова правило е поразбирливо.
За сите деца е важно да минуваат време на отворено и да си играат во природа.
Членовите на кралското семејство обрнуваат посебно внимание на ова, па децата минуваат многу време во дворот на палатата.
Спирова С. | Црнобело