9 необични правила што треба да ги следат децата од британското кралско семејство
Момчињата мораат да носат кратки панталони до 5-годишна возраст, а принцезите не смеат да носат круна сè додека не стапат во брак.
Не само возрасните, туку и најмалите членови на британското кралско семејство треба да следат одредени правила.
Иако можеби самите уште не ги разбираат, овие правила се дел од кралскиот протокол и малите деца мораат да ги следат.
Нормално, денес правилата не се толку строги како некогаш, но генерално родителите на децата од кралското семејство пробуваат да им помогнат да се придржуваат до нив што е можно повеќе.
За кои правила станува збор?
Момчињата мораат да носат кратки панталони
Момчињата од британското кралско семејство мораат да носат кратки панталони. Можеби и самите сте забележале дека на фотографиите од детството сите се со кратки панталони.
Според кодексот на облекување, момчињата не треба да носат долги панталони додека не наполнат осум години.
Девојчињата мораат да носат фустани
Во британското кралско семејство и девојчињата треба да следат правила за облекување – тие мораат да носат фустанчиња.
Оваа традиција е останата од дамнешни времиња, кога панталоните биле незамисливо парче облека за девојчиња и жени.
Не смеат да кажуваат одредени зборови
Наводно, во британското кралско семејство, децата од најрана возраст учат кои зборови да ги користат за да звучат отмено.
На пример, дечињата не смеат да речат „тато“. Или, ако им се оди во тоалет, треба да го искористат англискиот збор lavatory кој има исто значење како и зборот toilet (тоалет).
Не смеат да играат Монопол
Според некои извори, кралицата забранила во палатата да се игра популарната игра Монопол бидејќи била „контроверзна“.
Исто така, играта предизвикувала и многу расправии, а кралицата сакала да го избегне ова.