Генијални трикови и совети што ќе ви помогнат да ги преживеете топлите летни денови

„Чувајте гел од алое вера во фрижидерот – одличен е за изгореници“. „Наутро ги ставам чаршафите во замрзнувачот и ги оставам цел ден, па навечер ги местам кога се веќе изладени.“

genijalni-trikovi-i-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-denovi-001 (2).jpg

Во лето, кога температурите се неподносливи, навистина би пробале сè за да се почувствуваме барем малку подобро.

Дури и ако седиме со вклучена клима, жешкото време може да предизвика летаргија, а неретко и малку нервоза бидејќи никако не се чувствуваме удобно.

За BuzzFeed, неколку читатели ги споделија триковите што им помагаат да го преживеат летото, а дел од нив сигурно ќе ви се најдат и вам.

Најдобрите трикови и совети во продолжение:

„Следете колку вода пиете. Јас користам апликација на телефонот. До неодамна бев речиси постојано дехидриран, што значи дека имав главоболки и постојано чувствував замор.

Откако почнав да пијам повеќе вода, се чувствувам многу подобро. Ова е особено важно во лето, кога се потиме повеќе“.

„Бидејќи клима уредите се реткост во Англија каде што живеам, навечер може да ми биде многу жешко. Затоа, наутро ги ставам чаршафите во замрзнувачот, па до вечер се студени.

Ако заборавам, ги прскам со малку вода и чекам да се исушат. Иако на нив речиси и да нема вода, малку се поладни“.

genijalni-trikovi-i-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-denovi-02.jpg

„За да ги избегнам дамките од пот, на областа под пазувите на маичките ставам хигиенски влошки за секојдневна употреба“.

„Купете си хидратантна ’тупфер‘ маска за лице и ставете ја во фрижидер. Кога ви е многу жешко, ставете си ја на лицето. Само не го правете ова ако кожата ви е изгорена од сонце“.

genijalni-trikovi-i-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-denovi-03.jpg

„Во зип кеса ставете исто количество алкохол и вода. Ставете ја кесата во замрзнувач. Ова е одлична облога за модринки, но и за разладување на вратот. Покрај тоа, можете да ја користите истата кеса многупати“.

„Во калап за мраз замрзнувам кафе. На овој начин кафето ми е разладено, а не се разводнува“.

genijalni-trikovi-i-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-denovi-04.jpg

„Ако се потите многу, користете антиперспирант наместо дезодоранс. Ми требаа многу години да сфатам дека дезодорансот не го спречува потењето, туку само го покрива непријатниот мирис.

Откако почнав да користам антиперспирант, потењето е сведено на минимум. А, кога е многу топло, си ставам и на грбот“.

genijalni-trikovi-i-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-denovi-05.jpg

„Ако имате деца, ставајте им крем со заштитен фактор со голема четка за шминкање. Моите деца мразеа да чекаат додека да им ставам крем, но со четката им е забавно. Ако и вашите деца се слични, вреди да го пробате овој тик“.

„Чувајте гел од алое вера во фрижидерот – одличен е за изгореници“.

genijalni-trikovi-i-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-denovi-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg