Њујорк и уште четири познати градови што си ги променија имињата
Знаевте ли дека во 1600-тите, Њујорк се викал Њу Амстердам (или Нов Амстердам)?
Бидејќи некои градови ширум светот постојат стотици, некои и илјадници години, нормално е низ годините да бидат нарекувани со разни имиња.
Поради промената на власта, а некогаш и поради грешка при изговорот и етимологијата, многу градови си ги промениле имињата. Некои од нив го направиле тоа и во поново време.
Во продолжение пет познати градови што си ги имаат променето имињата:
Мумбај
Во 1995 година, индиските власти официјално го сменија англиското име на градот од Бомбај во Мумбај.
Причината е тоа што името „Бомбај“ е погрешно. Односно, градот отсекогаш си бил Мумбај за локалците (или некоја верзија од тој збор), а самото име потекнува од божицата Мумба.
Името Бомбај почнале да го користат западњаците - се верува дека етимолозите погрешно го процениле потеклото на името.
Тие мислеле дека името на градот потекнува од португалската фраза bom baim која може да се преведе како „убав мал брег“. Па, со текот на времето почнале да го нарекуваат Бомбај.
Колката
Колката е главниот град на индиската држава Западен Бенгал, а порано беше познат како Калкута.
Името беше променето бидејќи на тамошниот јазик, името на градот се изговара „Колката“. Односно, „Калкута“ е англиската верзија на името, која се користеше низ целиот свет.
Со цел името на градот да се совпаѓа со изговорот на тамошниот јазик, во 2001 година официјално беше променето во Колката.
Њујорк
Знаевте ли дека порано Њујорк се викал Њу Амстердам?
Во 1624 година, во областа на денешен Њујорк била основана колонијата „Нова Холандија“ каде што се населиле многу Холанѓани. Еден дел од областа што ја населувале Холанѓаните била крстена Њу Амстердам (или Нов Амстердам).
Во 1664 година, Њу Амстердам потпаднал под британска власт. Тогаш името било променето во Њујорк во чест на војводата од Јорк кој ја организирал мисијата за освојувањето.
Осло
Главниот град на Норвешка бил основан во 1040 година и тогаш го добил името Anslo.
Во 1624 година градот бил уништен од пожар, па бил одново изграден во речиси истата област. Новиот град бил изграден за време на владеењето на кралот Кристијан IV, па во негова чест го добил името Кристијанија.
Во 1925 година градот бил прекрстен во Осло – име кое многу потсетува на најпрвото.
Истанбул
Истанбул е град чие име се менувало многупати низ историјата.
Градот бил основан во 667 година и најпрво се викал Византион. Од ова име подоцна произлегло и името на Визатинското Царство.
Потоа, околу 16 века градот го носел името Цариград или Константинопол. Цариград се среќава во словенските јазици и може да се преведе како „град на царевите“, додека Констанипол може да се преведе како „град на Константин“ – самото име потекнува од царот Константин I.
За времето на Османлиското Царство градот бил познат и како Стинполи и Стамбол.
Во 1930 година градот го добива името Истанбул – збор кој може да се преведе како „кон градот“.
Спирова С. | Црнобело