„Добиваa отказ за излупен лак на ноктите“ – како изгледало да се работи како стјуардеса во минатото?

Не смееле да ги соблечат штиклите ни за време на 14-часовен лет, а оние кои се враќале од породилно морале да слабеат по еден килограм неделно – во минатото, стјуардесите морале да исполнуваат навистина чудни услови.

dobivaa-otkaz-za-izlupen-lak-na-noktite-poraneshna-stjuardesa-gi-otkriva-bizarnite-uslovi-shto-morala-da-gi-ispolnuva-vo-80-tite-01.jpg

Многумина сметаат дека стјуардесите ја имаат работата од соништата најмногу поради можноста за патување низ светот. Но сепак, иако навистина ја имаат оваа можност, нивната работа е далеку од лесна.

Долгите летови, честата промена на временските зони и справувањето со секакви патници се само дел од предизвиците што ги носи оваа професија.

Нo, изгледа дека на стјуардесите во минатото работата им била многу, многу потешка.

Ен Худ од САД почнала да работи како стјуардеса во 1979-та, кога имала 21 година. За неа ова било работа од соништата, но набрзо си го променила мислењето.

dobivaa-otkaz-za-izlupen-lak-na-noktite-poraneshna-stjuardesa-gi-otkriva-bizarnite-uslovi-shto-morala-da-gi-ispolnuva-vo-80-tite-06.jpg

Во мај годинава таа објави мемоари со наслов „Fly Girl“ каде што зборува за нејзиниот живот како стјуардеса во ’80-тите, а за Insider сподели и неколку детали од тој период од животот.

Ен вели дека стандардите што требало да ги исполнуваат тогашните стјуардеси биле неверојатни.

„Стјуаресите добиваа отказ бидејќи носеа кармин со погрешна боја, изгледаа нерасположено, имаа излупен лак и бројни други причини кои денес звучат бесмислено“.

Кои се најбизарните барања што требало да ги исполнуваат Ен и другите стјуардеси од авиокомпанијата во којашто работела?

Штиклите биле задолжителни

Ен тврди дека стјуардесите морале да носат штикли и никако не смееле да ги соблечат.

„Многу често потклекнувавме додека одевме со нив. Замислете како е да имате лет од 14 часа носејќи високи штикли“.

Стјуардесите минувале и тренинг за одење со штикли во авионот, особено во модел на авион кој има спирални скали во кабината.

„Учевме како да одиме со штикли по спиралните скали кои водеа до кујната и како да носиме пијачки и храна по нив“.

dobivaa-otkaz-za-izlupen-lak-na-noktite-poraneshna-stjuardesa-gi-otkriva-bizarnite-uslovi-shto-morala-da-gi-ispolnuva-vo-80-tite-04.jpg

Не смееле да качат ниту еден килограм

Ен, која е висока 170 сантиметри и имала 54 килограми кога била стјуардеса, вели дека морала да ја одржува таа тежина ако сакала да си го задржи работното место.

„Постојано ни го повторуваа тоа – додека аплициравме за работа, за време интервјуто и додека траеше тренингот“.

Наводно, додека траел пробниот период на стјуардесите, честопати се случувало ненајавено да почнат да ги мерат со цел да се утврди дали некоја се поправила.

„Дури и по 6-месечниот пробен период, можевме да добиеме отказ ако качевме некој килограм. Бев многу слаба, но постојано без загрижена“.

dobivaa-otkaz-za-izlupen-lak-na-noktite-poraneshna-stjuardesa-gi-otkriva-bizarnite-uslovi-shto-morala-da-gi-ispolnuva-vo-80-tite-05.jpgEн во нејзината униформа

Таа и другите стјуардеси правеле сè што е во нивна моќ за да не се поправат.

„Замислете неколку високи, убави и слаби девојки како седат во сауна и се надеваат дека ќе стопат некој килограм. Ова е глупаво кога ќе земете предвид дека повеќето од нас веќе бевме преслаби. Но, ни беше страв дека ќе останеме без работа“.

Покрај долгите часови во сауна, Ен и колешките пиеле диуретици – апчиња кои го зголемуваат исфрлањето на вода од телото и ја зголемуваат потребата за уринирање – а држеле и секакви диети.

„Следевме луда диета – еден ден јадевме девет банани, следниот девет јајца, а третиот – девет виршли и пиевме многу вода додека не ослабиме килограм-два“.

dobivaa-otkaz-za-izlupen-lak-na-noktite-poraneshna-stjuardesa-gi-otkriva-bizarnite-uslovi-shto-morala-da-gi-ispolnuva-vo-80-tite-02.jpgЕн во младоста

Базираните правила важеле за сите стјуардеси, без исклучоци

Тој период имало помалку мажи стјуарди за разлика од денес, а правилата за слабеење важеле и за нив.

„И мажите мора да ги почитуваат истите правила за тежината и секогаш мораа да бидат избричени“.

Дури и стјуардесите кои неодамна станале мајки не смееле да имаат вишок килограми.

„Стјуардесите кои се враќаа од породилно мораа да се мерат пред секој лет и да слабеат по еден килограм неделно. Мораа да си ја вратат старата тежина за 20 недели или добиваа отказ“.

dobivaa-otkaz-za-izlupen-lak-na-noktite-poraneshna-stjuardesa-gi-otkriva-bizarnite-uslovi-shto-morala-da-gi-ispolnuva-vo-80-tite-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg