Со години имала Алцхајмер без дијагноза, ја терале да глуми и да оди на забави – трагичната судбина на Рита Хејворт

„Кога ја доби дијагнозата, повеќе не беше целосно свесна. Беше тешко. Ќе погледнеше во мене и ќе ми речеше ’Која си ти?‘ Ми се кршеше срцето. Стануваше гневна без причина“, раскажува ќерката на Рита кога таа конечно добила дијагноза за Алцхајмер цела деценија откако почнала да покажува симптоми.

so-godini-imala-alchajmer-bez-dijagnoza-ja-terale-da-glumi-i-da-odi-na-zabavi-tragichnata-sudbina-na-rita-hejvort-01.jpg

Рита Хејворт, родена како Маргарита Кармен Кансино, е една од најголемите холивудски ѕвезди од минатиот век.

Родена во 1918 година во Њујорк, Рита уште од најрана возраст покажувала талент за глума и танцување. Врвот на славата го достигна во 1940-тите, а низ кариерата која траеше скоро 40 години се појави во 61 филм.

so-godini-imala-alchajmer-bez-dijagnoza-ja-terale-da-glumi-i-da-odi-na-zabavi-tragichnata-sudbina-na-rita-hejvort09.jpg

Но, Рита имаше и Алцхајмер – болеста што на крај ѝ го одзеде животот на 68-годишна возраст.

Рита била дијагностицирана во 1980-та, но покажувала знаци на Алцхајмер повеќе од една деценија претходно. Проблемот е што тогаш лекарите немале некои познавања за оваа болест, па не ни помислувале дека Рита може да ја има.

И покрај тажната судбина, токму случајот на Рита ја подигна свеста за Алцхајмеровата болест и ги натера експертите да ја сфатат посериозно.

so-godini-imala-alchajmer-bez-dijagnoza-ja-terale-da-glumi-i-da-odi-na-zabavi-tragichnata-sudbina-na-rita-hejvort-08.jpg

Таткото на Рита, Едуардо, бил познат танчар од Шпанија, додека нејзината мајка, Волга, се имала појавено во многу бродвејски претстави. Па, не е ни чудно што Рита од најрана возраст покажала талент за танц и глума.

Татко ѝ почнал да ја учи да танцува, а до 8-годишна возраст Рита веќе се појавила и во краток филм на Warner Bros.

Во 1927-ма татко ѝ ја однел во Холивуд со надеж дека ќе биде вработена како танчарка за некој филм. Бидејќи била малолетна, Рита не можела да танцува по ноќни клубови, па татко ѝ ја носел преку граница, во Мексико. Поради обемната работа, Рита воопшто не завршила средно.

Во Мексико, пак, го имала своето деби во филмот Crus Diablo, и тоа на само 16-годишна возраст.

so-godini-imala-alchajmer-bez-dijagnoza-ja-terale-da-glumi-i-da-odi-na-zabavi-tragichnata-sudbina-na-rita-hejvort-04.jpg

Со текот на времето, Рита почнала да добива улоги и во Холивуд каде што најчесто глумела девојка со аргентинско потекло, а доста често нејзините улоги барале да танцува.

Рита си нашла и менаџер кој сметал дека нејзиното име Маргарита (Рита) Кансино е она што ја спречува да добива поважни улоги. Па, таа почнала да го користи името Рита Хејворт, па дури и си ја променила бојата на косата и држела строги диети за да има „поамерикански“ изглед.

so-godini-imala-alchajmer-bez-dijagnoza-ja-terale-da-glumi-i-da-odi-na-zabavi-tragichnata-sudbina-na-rita-hejvort-05.jpg

1940-тите се златната ера за Рита Хејворт и овој период таа го достигнува врвот на нејзината слава. Веќе целиот свет знае за неа и јавноста ја смета за една од најубавите жени во светот.

Но, кон рајот на 1960-тите Рита почнала да покажува знаци на Алцхајмер. Проблемот е што тогаш никој не ни помислил дека тоа е причината за нејзините проблеми.

Актерката не можела да го запомни текстот за нејзините улоги, а почнала и да пие многу алкохол. А, поради пиењето, лекарите биле убедени дека проблемите ѝ се од алкохолот.

so-godini-imala-alchajmer-bez-dijagnoza-ja-terale-da-glumi-i-da-odi-na-zabavi-tragichnata-sudbina-na-rita-hejvort-07.jpg

Иако било очигледно дека Рита не е во ред, нејзините колеги и пријатели продолжувале да ја тераат да се појавува на настани, па дури и да оди на забави. Актерката се појави и во филм во 1972 година, без разлика што болеста сигурно била во понапредна фаза. Тој период добила улога и во театарска претстава, но ја отпуштиле бидејќи воопшто не можела да ги запомни дијалозите. 

Рита има две ќерки – Јасмин и Ребека. Во интервју, Јасмин откри како се однесувала мајка на почеток од нејзините 50-ти години пред да ја добие дијагнозата.

so-godini-imala-alchajmer-bez-dijagnoza-ja-terale-da-glumi-i-da-odi-na-zabavi-tragichnata-sudbina-na-rita-hejvort-03.jpg

„Забележав дека некогаш кога ми се јавува на телефон како да не следи што зборува и ми повторуваше некои работи. Не разбирав што се случуваше. Исто беше и кога одев кај неа – повторување работи, малку параноја, слушаше звуци што не постоеја… Еднаш дури во паника повика полиција“, раскажува Јасмин.

so-godini-imala-alchajmer-bez-dijagnoza-ja-terale-da-glumi-i-da-odi-na-zabavi-tragichnata-sudbina-na-rita-hejvort-11.jpg

Со текот на времето, состојбата на Рита се влошувала.

„Уште почесто ми повторуваше работи што веќе ми ги кажала. Неретко само ми викаше ’Не се сеќавам‘ и ќе се насмееше“.

До 1976 година јавност сметала дека Рита е „пропадната актерка“, најмногу поради инцидентот на аеродром во Лондон. Збунета поради својата болест, Рита почнала да паничи, а тогашните медиуми пренесувале дека актерката била „пијана, гневна и збунета“ на аеродром во Лондон, заедно со фотографии од инцидентот. 

so-godini-imala-alchajmer-bez-dijagnoza-ja-terale-da-glumi-i-da-odi-na-zabavi-tragichnata-sudbina-na-rita-hejvort-12.jpg

Дури во 1981 година Рита добила дијагноза за својата болест благодарение на доктор Роналд Фиев кој бил единствениот што се сомневал дека актерката има Алцхајмер. Тогаш лекарот утврдил дека актерката е во толку лоша состојба, што не може ни да се грижи за себе.

„Кога ја доби дијагнозата, повеќе не беше целосно свесна. Беше тешко. Ќе погледнеше во мене и ќе ми речеше ’Која си ти?‘ Ми се кршеше срцето. Стануваше гневна без причина. И агресивна.

Не сите луѓе со Алцхајмер се такви, но таа се однесуваше така. Моравме да ѝ ги регулираме лековите бидејќи стануваш уште поагресивна. Беше многу болно“, вели ќерка ѝ Јасмин.

so-godini-imala-alchajmer-bez-dijagnoza-ja-terale-da-glumi-i-da-odi-na-zabavi-tragichnata-sudbina-na-rita-hejvort-02.jpg

Рита е првата јавна личност која имала Алцхајмер, а благодарение на нејзината популарност, се зголеми и свесноста за оваа болест.

Нејзината ќерка Јасмин станала дел од здружение за лица со Алцхајмер и низ годините помогнала да се соберат многу средства за истражувања за болеста.

so-godini-imala-alchajmer-bez-dijagnoza-ja-terale-da-glumi-i-da-odi-na-zabavi-tragichnata-sudbina-na-rita-hejvort-06.jpg

По дијагнозата, Рита живееше едвај седум години.

„Состојбата драстично ѝ се влоши за можеби 4-5 години од дијагнозата. Кога мислев дека веќе ќе умре, викнав свештеник. Но, потоа таа живееше уште две години. Имаше силно срце, но повеќе не препознаваше никого.

Таа беше прекрасна мајка. И, навистина си ја сакаше работата. Знам дека беше позната, но таа беше моја мајка, обична мајка… Нејзината приказна е тажна. Оваа болест е тажна“, вели Јасмин.

so-godini-imala-alchajmer-bez-dijagnoza-ja-terale-da-glumi-i-da-odi-na-zabavi-tragichnata-sudbina-na-rita-hejvort10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Брус Вилис и Деми Мур беа во брак – Настани кои се случија пред дури 35 години Пред 35 години, се емитуваше последната епизода од легендарната сапуница „Династ...
Годините се само број: Фото-докази дека можете да се трансформирате на која било возраст Фото-споредбите од луѓе кои почнале да работат на себе подоцна во животот сигурн...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Како изгледаат 14 славни мажи и нивните синови на иста возраст? Бруклин Бекам, кој неодамна наполни 25 години, не се разликува многу од неговиот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg