Омилените трикови за позирање на познатите дами - како си ги кријат недостатоците на фотките?
Слатка насмевка, заводнички поглед, крената глава – познатите дами користат безброј трикови за позирање кои им помагаат да изгледаат одлично на секоја фотографија - да ги нагласат предностите и да ги скријат недостатоците.
Познатите дами се експерти за позирање бидејќи, сепак, дел од нивната работа е да изгледаат добро пред камера.
Што значи, сигурно можеме да научиме многу од нив кога станува збор за позирање.
Кои се омилените трикови за позирање на славните дами:
Не ги прилепуваjте рацете до телото
Кога се фотографирате странично, малку оддалечете ги рацете од телото да изгледаат подобро на фотографијата.
Ако позирате со вашиот партнер, можете да ја ставите едната рака на неговите гради.
Истакнете го омилениот адут
Ако, на пример, сакате да ги нагласите задникот и половината, застанете свртени на едната страна, како Џиџи Хадид на левата фотографија.
Ако сакате да ја истакнете линијата на телото, свртете се кон камерата и застанете во дијагонална положба, како Џиџи на фотографијата десно.
„Детско“ стоење
Таканареченото детско стоење со стапалата малку свртени кон внатре може да направи да изгледате послабо на фотографијата.
Истовремено, оваа поза дава и малку младешки изглед.
„Мистериозен“ поглед
Ако фокусот е на вашето лице, можете да го пробате „мистериозниот“ поглед што им е омилен на многу познати дами.
Потребно е малку да ги затворите очните капаци и можете малку да ја отворите устата или да позирате со блага насмевка.
Најдете го вашиот најдобар агол за селфи фотографии
Аголот од којшто се фотографирате е можеби најважен.
Избегнувајте да се фотографирате оддолу бидејќи вашето лице ќе изгледа пошироко. Од друга страна, ако ја држите камерата повисоко, вашето лице ќе има подобра дефиниција.
Експериментирајте со селфи фотографиите и најдете го аголот што ви се допаѓа најмногу.