Омилените трикови за позирање на познатите дами - како си ги кријат недостатоците на фотките?
Внимавајте да не ги затворите очите кога се фотографирате со блиц
Некогаш е невозможно да го контролирате трепкањето кога ќе светне блицот, но во ова може да ви помогне еден трик.
Едноставно, држете ги очите затворени и отворете ги во мигот пред да ве фотографираат.
Играјте си со косата
Играњето со косата, како Бијонсе на фотографијата подолу, секогаш ќе ѝ даде доза шарм на вашата фотографија.
Слатка насмевка
Секоја девојка и жена изгледа прекрасно со насмевка, па нема да погрешите со оваа поза.
Најдете ја совршената поза за вас
Можеби сте забележале дека повеќето познати дами имаат една-две омилени пози за на црвениот тепих.
Овие пози им се пробани и знаат дека нема да погрешат со нив.
Па, експериментирајте и најдете ја вашата омилена поза.
Кренете ја главата
Ако ја наведнете главата, најверојатно ќе ви се познава подбрадок, дури и ако сте слаби.
За да го избегнете ова, секогаш позирајте со малку крената глава.
Спирова С. | Црнобело