Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението

Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја година троши илјадници долари за подароци за дечиња во шелтери – Во светот има многу добрина која доаѓа до израз во празничната сезона, а овие фотки ќе ви го потврдат тоа.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-01.jpg

Празниците се период на забава и дружба, но и период кога многумина ја покажуваат својата добрина.

Луѓе од целиот свет сакаат да им ги разубават празниците на другите и несебично им помагаат.

Неколку празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението:

Жена секоја зима носи плетени капи во шелтер за бездомници – самата ги плете во текот на целата година

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-02_copy.jpg

„Секоја година на 1-ви декември, некој го украсува поштенското сандаче на мојата улица“.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-03.jpg

„Татко ми е во рана фаза на Алцхајмер. За Божиќ го однесов моето куче кај него и ми рече ’Знам дека ќе заборавам многу работи, но долго ќе го помнам ова куче‘“.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-04.jpg

„Мојата мачка има 20 години и вечерва ја возев низ градот за да види како е украсено. Мислам дека уживаше“.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-05.jpg

„Колега знае дека изминативе неколку месеци имам финансиски проблеми. Се познаваме само шест месеци, но ми купи цела торба намирници. Буквално ми ги наполни шкафчињата во кујна“.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-06.jpg

„Ако моите пациенти барем на миг заборават дека се во оддел за интензивна нега, тогаш вреди“.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-07.jpg

„Ова е мојот свекор. Секоја година, свекрва ми троши илјадници долари за подароци кои свекорот потоа ги носи во болници, цркви, училишта и шелтери“.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-08.jpg

„Моето куче си доби братче за Божиќ“.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-09.jpg

Најдобриот Дедо Мраз

„Му кажав на Дедо Мраз дека син ми е слеп и има аутизам, но и дека многу го сака Дедо Мраз. Веднаш седна на подот за да се поздрави со него. Му зборуваше многу долго.

Му дозволи да го допре. Му рече да му ја повлече брадата и разговараа за неговиот црвен костим. Беше прекрасно. Ми се исполни срцето што го видов син ми толку заинтересиран“.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-10.jpg

„Овој маж влезе во продавницата, потроши 130 фунти за играчки и сите веднаш ги стави во кутијата за донации“.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-11.jpg

„На мајка ми ѝ подарив ќебе направено од маиците на тато. Ова е нејзиниот прв Божиќ без него откако почина“.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-12.jpg

„Оваа 10-годишна душичка беше во шелтер од мај, но на Божиќ ја вдомив“.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-13.jpg

„Мајкл Есмонд им ги исплати сметките на 36 семејства. Дозна дека постоел ризик да им ја исклучат струјата. Потроши 4.600 долари за да им ги разубави празниците“.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-14.jpg

„Мојата мачка првпат гледа елка. Мислам дека ѝ се допаѓа“.

pozitiva-na-denot-praznichni-fotki-shto-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-5.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Првиот Божиќ без баба и уште 9 емотивни празнични реклами на брендовите за 2024/25 Пребродување на првиот Божиќ без баба, Дејвид Бекам го претвори тажниот Снешко в...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат) Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскаро...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg