Некогаш и денес: Колку се променила амбалажата на продуктите од популарни брендови? (фото)

Nescafe, Pepsi, Doritos – како изгледале амбалажите на некои од најпознатите продукти во светот и колку се промениле до денес?

nekogash-i-denes-kolku-se-promenila-ambalazhata-na-produktite-od-popularni-brendovi-foto-01.jpg

Денес неретко амбалажата на некој продукт е исто важна колку и самиот продукт. Сепак, кога првпат пробувате некој производ, многу е поверојатно да го купите оној чија амбалажа ви оставила впечаток.

Поради ова, познатите брендови кои се присутни во скоро сите држави со децении користат исти амбалажи кои им се проверени.

Сепак, и нивните амбалажи претрпеле многу промени низ годините, додека да го најдат совршениот дизајн.

Како изгледале амбалажите на познатите продукти?

Maggie

Основачот на светки познатиот бренд е Јулиус Маги и иако денес имаат бројни производи, на почетокот правеле само супи.

Во 19-тиот век, Јулиус сакал да направи хранлив и евтин продукт кој е лесен за подготовка. По неколку години истражување, тој ја направил можеби првата инстант супа во светот.

Набрзо потоа тој ги направил првите коцки за супа кои се користат и денес.

nekogash-i-denes-kolku-se-promenila-ambalazhata-na-produktite-od-popularni-brendovi-foto-02.jpg

Doritos

Doritos е познат американски бренд кој прави таканаречен тортилја чипс.

Идејата за овој чипс потекнува од традиционалното мексиканско јадење познато како тотопо – крцкава тортилја која е испржена или испечена.

Денес овој чипс е препознатлив по многуте зачини, но првите Doritos чипсови не биле воопшто зачинети.

nekogash-i-denes-kolku-se-promenila-ambalazhata-na-produktite-od-popularni-brendovi-foto-03.jpg

Nescafe

Најпознатото инстант кафе во светот почнало да се произведува во 1938 година.

Наводно, експерт за кафе од компанијата Nestle почнал да работи на нов вид кафе кое не треба да се вари и може да се подготви само со вода.

Добиениот продукт го крстил Nescafe – спој на името на компанијата (Nestle) и англискиот збор за кафе (coffee).

На почетокот кафето се продавало само во конзерва, а во 60-тите почнало да се продава и во стаклени тегли.

nekogash-i-denes-kolku-se-promenila-ambalazhata-na-produktite-od-popularni-brendovi-foto-04.jpg

Монопол

Друштвената игра Монопол е патентирана во 1904 година, а жената што ја измислила, Лизи Меги, сакала да направи игра во која ќе го опфати макотрпниот процес на купување земјиште.

Интересно е што човечето со висок шешир и мустаќи станал маскота на играта дури во 1940-тите.

nekogash-i-denes-kolku-se-promenila-ambalazhata-na-produktite-od-popularni-brendovi-foto-05.jpg

Уште пет продукти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg