Некогаш и денес: Колку се променила амбалажата на продуктите од популарни брендови? (фото)
KitKat
Компанијата Rowntree го направила првото KitKat чоколадо во 1911 година, но тогаш не доживеало некој голем успех.
Во 1935 година, тие го подобриле истиот продукт, го крстиле Chocolate Crisp и почнале да го рекламираат како практичен десерт што купувачите можат да го носат каде и да сакаат.
Две години подоцна, на истиот продукт му го дале името KitKat и почнале да го извезуваат во други земји.
Од 1988 година, KitKat е бренд на Nestle.
Nutella
Пиетро Фереро имал пекара во Италија во која го направил прототипот за денешниот популарен чоколаден крем со лешници.
Првиот производ бил направен во 1946 година, се викал Рasta gianduja и бил во цврста форма. Пиетро создал кремаста верзија со истиот вкус во 1951 година, а продуктот го нарекол Supercrema gianduja.
Во 1963 година неговиот син Мишел Фереро направил мали промени во составот, го прекрстил кремот во Nutella и почнал да го продава низ Европа.
Кремот веднаш станал хит и до денес останува еден од најпопуларните во светот.
Nivea
Денес Nivea има цела линија продукти за нега, но првиот производ бил обичен крем направен од фармацевтот Оскар Тропловиц.
Оскар сакал да направи едноставен крем со вода и масло и во 1911 година го добил посакуваниот резултат. Тој го крстил продуктот Nivea.
Pepsi
Првиот Pepsi пијалак се појавил во далечната 1893 година, и бил познат како Brad’s Drink.
Неколку години подоцна, во пијалакот биле додадени нови состојки и името му било променето во Pepsi.
Препознатливите бела, црвена и сина боја се дел од логото од 1950-тите.
M&M's
Популарните чоколадни бонбони првпат почнале да се продаваат во 1941 година.
Овој продукт е изум на Форест Марс кој сакал да направи издржливи чоколадни бонбони кои нема да се стопат на потопло време.
На почетокот, бонбоните биле еднобојни. Но, бидејќи многу фирми пробувале да ги копираат, од компанијата почнале да го додаваат логото на нив.
Спирова С. | Црнобело