Русин се оженил за пица, Американецот Крис за својот MacBook – најбизарните бракови за кои досега сте слушнале
Љубовта има навистина многу облици, но дали некогаш сте помислиле дека некој би се омажил/оженил со својот миленик?! Неколку бизарни бракови за кои не сте ни знаеле дека се возможни...
Точно е, постојат луѓе доволно „храбри“ за на општеството да ја покажат нивната (посебна) гледна точка.
Верувале или не, постојат луѓе кои се во брак и со предмети, разни знаменитости како Ајфеловата кула, Берлинскиот ѕид и многу други...
Се разбира, таквите бракови кои ги дозволува традицијата често се симболични или ритуални, наместо вистинското признавање на врската, но дел од нив со сигурност излегуваат надвор од вообичаените граници.
Сепак, овојпат решивме да ги издвоиме најбизарните бракови на светот:
Брак со својот MacBook
Американецот Крис Соер сметал дека ако се дозволени геј бракови, тогаш треба да му се дозволи да се ожени со својот сакан MacBook. Во петицијата којашто тој ја поднел истакнал дека компјутерите се силна љубов, а ги сакаат сите жени во светот.
Русин се оженил за пица
Жител на Томск ја избрал пицата за своја сопруга. Тој велел дека нивната врска не била долга, но набрзо сфатил дека се создадени еден за друг. На прашањето дали ќе ја изеде својата сопруга, тој само се насмевнал.
Жена се омажила со својот мачор, откако сопругот ја оставил
Една навистина силна и независна жена. Барбарела Бухнер, според неа нашла необичен излез од депресивната состојба. Таа се омажила за својот мачор Сајмон.
Церемонијата се одржала на социјалните мрежи, а откако Барбарела го притиснала копчето „Да“, тие официјално стапиле во брак.
Уметничка се венчала со камен, чувствувајќи дека е под негова заштита
Таа била позната по својата посветеност и извонредните проекти, па така се венчала со антички камен во Франција, сметајќи го како заштита, а не нешто што предизвикува страв.
Жител на Токио се оженил со анимиран лик од видео игра
Свадбата се одржала во 2009 година и била првото единство на човекот со лик од компјутерска игра. Облечен во бел смокинг, Сал се оженил со Нена пред пријателите и корисниците кои ја следеле свадбената церемонија на интернет.
Жена се венчала со својот коњ
Милан Бросквит, жестока активистка за правата на животните, стапила во брак со нејзиниот коњ Теодор. Со овој потег таа сакала да стави акцент на прифаќање на различностите.
Жена се омажила со Ајфеловата кула
37-годишната Ерик Ла Ајфел живее во Сан Франциско. Таа изјавила дека го сакала и Берлинскиот ѕид, но, сепак одлучила да се омажи за Ајфеловата кула, процес кој се одвивал на интимна церемонија на која присуствувале неколку нејзини пријатели. По церемонијата, таа го сменила презимето во Ајфел.
Брак со перница
Ли Џин-Гју решил да се ожени со перница. На перницата имало лик на популарен женски анимиран лик, па очигледно била доста привлечна за Јужнокореецот, кој се венчал со својата свршеница во 2010 година.
Мила М. | Црнобело